24.5 C
Shtip
spot_img

Штип е подготвен за почеток на новиот формат на Д-Фестивал!

Штип е подготвен од денеска да ги пречека илјадниците посетители на традиционалниот Д фестивал (The Festival), кој 14 години се одржуваше во Дојран, а годинава за првпат во Штип. Годинашниов фестивал има и хуманитарен карактер, иако влезот за сите музички и други програмски содржини е слободен.

Организаторот „Пасворд продукција“ најави дека ќе има хуманитарни билети, а сите средства ќе бидат наменети за настраданите во пожарот во Кочани.

Оваа година, нема да има камп за посетителите, а сите музички настани ќе се реализираат во кругот на Градскиот стадион во Штип, и тоа на помошниот терен. Веднаш до автобуската станица се поставени две големи монтажни бини, на кои наизмeнично, без временско совпаѓање, ќе се одвиваат концертите и диџеј сетовите.

Британските дарк-рок пионери „Систерс оф мерси“, реге легендите „Инер сиркл“ и Макс Кавалера со својот бенд „Соулфлај“ се најавени како главните ѕвезди на новата верзија на Д фестивал, кој ќе трае до 6 јули.

На двете бини, Главна и Москито, ќе настапат повеќе од 40 бендови и музичари. Најголемиот дел од програмата го сочинуваат домашните артисти, што ги вклучува „Архангел“, Кирил Џајковски, „Фолтин“, „Љубојна“, „Паркети“, Пијан Славеј, „Мизар“ и Дина Јашари, од соседството доаѓаат „Буч Кесиди“ и „С.А.Р.С.“, а меѓу учесниците е и третопласираниот на годинашната Евровизија, Томи Кеш од Естонија.

Музичката програма почнува во 18 часот со диџеј Мана на бината Москито, додека на Главната бина од 19 часот ќе пее Драган Мијалковски во придружба на Битолски камерен оркестар.

━ повеќе содржини

„Силјан“ во режија на Тамара Котевска е годинашниот македонски кандидат за „Оскар“

Македонскиот филм „Силјан“ во режија на Тамара Котевска и во продукција на „Конкордија“ (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар интернационален...

Штипјанецот Матеј Марков замина на Светското првенство во спортско качување на вештачка карпа во Сеул

Ученикот во СОУ „Славчо Стојменски“ од Штип, Матеј Марков, како дел од македонската репрезетнација, денес замина за Сеул, Јужна Кореја, каде ќе настапи на...

Театарски фестивал за деца и младинци „Малиот принц“ во Штип

Во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип од утре до 15 септември ќе се одржи 13. издание на Театарскиот фестивал за деца и...

Шефот на „Ферари“ ќе служи општествено корисна работа и ќе плати милиони за наследство

Претседателот на „Ферари“ и групацијата „Стелантис“, Џон Елкан, се согласи на една година општествено корисна работа и, заедно со својот брат и сестра, ќе...

Земјотрес со јачина од 5,2 степени во јужниот дел на грчкиот остров Евија – почувствуван и во Атина

Според податоците на Геодинамичкиот институт во Атина, епицентарот бил на пет километри северозападно од местото Неа Стира на Евија на длабочина од 13,6 километри. Земјотресот...
spot_img