20.7 C
Shtip
spot_img

Албанија бележи рекорд: 3,4 милиони туристи за пет месеци, најмногу од Јужна Европа

Албанија продолжува да го зголемува туристичкиот биланс, достигнувајќи 3,4 милиони туристи за првите пет месеци од 2025 година, што е за 100.000 повеќе од истиот период лани, кога земјата ја посетија 3,3 милиони туристи. Споредено со 2023 година, тоа е раст од 38 отсто.

Според податоците на Институтот за статистика, најголем дел од странските посетители — 95 отсто — доаѓаат од европскиот континент, при што Јужна Европа предничи со 72 отсто од вкупниот број. Западна Европа учествува со 14 отсто, а значителен број туристи пристигнале и од Африка, Азија и Америка.

Сепак, иако годината започна со силен пораст во јануари, февруари, март и април, растот во мај забави, што се поврзува со влегувањето во главната туристичка сезона, кога туристичкиот бран се стабилизира.

Најголем дел од странските државјани, дури 98 отсто, ја посетуваат Албанија од лични причини – претежно за одмор, но и за посета на роднини. Има и посетители кои доаѓаат поради деловни, професионални или здравствени причини.

Паралелно, расте и бројот на албански државјани кои патуваат во странство. Во мај 2025 година, 689.145 Албанци заминале надвор од земјата, што е зголемување од 8,9 отсто во споредба со мај 2024 година.

Во периодот јануари–април 2025 година, Албанија ја посетиле 2,45 милиони туристи, во споредба со 2,33 милиони истиот период минатата година и 1,68 милиони во 2023 година – што укажува на стабилен тренд на раст на туристичката индустрија во земјата.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img