20.1 C
Shtip
spot_img

8 најдобри плажи во светот во 2025 година

Иако „најубавата плажа“ е субјективна работа, некои плажи постојано се појавуваат на листите на светските списанија и платформи за патувања, маѓепсувајќи милиони посетители.

Светот е полн со неверојатни и прекрасни плажи, кои нудат совршена комбинација од бел песок, тиркизно море и бујна вегетација. Од скриени заливи до пространи крајбрежја, овие дестинации се сон на секој патник.

Анс Сурс д’Арџент – Сејшели

Честопати сметана за една од најфотогеничните плажи во светот, таа е препознатлива по гигантските гранитни карпи што се издигаат од мекиот, розов песок, покрај кристално чистото, плитко море. Вистински тропски рај.

Плажа Вајтхејвен (Whitehaven Beach) – Австралија

Сместена на островот Вајтхејвен, оваа плажа е позната по својот снежно-бел кварцен песок (една од најчистите во светот) и нереална тиркизна вода. Нејзината недопрена убавина и долгата крајбрежна линија даваат чувство на апсолутна изолација.

Лаки Беј – Австралија

Друга австралиска убавица, Лаки Беј се издвојува по својот бел песок и тиркизно море, но и по своите необични жители – кенгури кои понекогаш може да се видат како се сончаат на брегот!

Плажа Наваџио (Бродолом) – Закинтос, Грција

Иконска грчка плажа, позната по своите импресивни бели карпи и бродолом што лежи на бел песок во средината на тиркизен залив. До неа е пристапна само со брод, што ја зголемува нејзината мистерија.

Ел Нидо (Скриена плажа) – Филипини

Скриена зад високите варовнички карпи на островот Матинлок, оваа плажа е вистински бисер. Неговиот бел песок и смарагдните води ја прават совршено место за авантуристи кои се подготвени да вложат малку труд за да стигнат таму.

Баја до Санчо – Бразил

Оваа плажа, често рангирана како една од најдобрите во светот, нуди недопрена природа, тиркизни води идеални за нуркање и можност за средба со делфини. Таа е дел од заштитеното подрачје на УНЕСКО.

Елафониси – Крит, Грција

Позната по својот розов песок (кој е формиран од ситни фрагменти од школки) и плитката, кристално чиста вода, Елафониси е вистински рај за семејствата и за секој што бара единствена природна убавина.

Грејс Беј – Туркс и Кајкос

Британска прекуокеанска територија сместена во Атлантскиот Океан, источно од Куба и северно од Доминиканската Република.

Десет километри мек бел песок и мирни, тиркизни води ја прават оваа плажа симбол на луксуз и релаксација. Идеална е за нуркање поради нејзината близина до третиот најголем корален гребен во светот.

━ повеќе содржини

Заборавениот и опасен балкански остров станува приватно одморалиште на Иванка Трамп!

Едно место кое речиси и да не е допрено од човечка рака, наскоро ќе се претвори во рај за најбогатите. Островот Сазан, сместен покрај брегот...

„ОД СЕПТЕМВРИ ПОЧНУВАМЕ СО ЛЕЧЕЊЕ НА БОЛНИТЕ ОД РАК!“ Рускиот професор Сергеј Бољевиќ открива – почнува примената на вакцината

Од септември во Русија почнуваат клиничките испитувања за два типа вакцини кои ќе се применуваат кај пациенти болни од рак. Едната вакцина е ентеромикс...

Бугарија преминува од лев на евро

Бугарија доби зелено светло од лидерите на Европската Унија да ја користи заедничката валута евро од 1 јануари 2026 година. Лидерите на ЕУ во...

Премиерот најави нова инвестиција во ТИРЗ – Штип, деталите веќе договорени

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата на директорот на Технолошко-индустриските развојни зони за...

Штипјанецот Љупче Михајлов трет на Светската младинска лига во Пореч!

Сјајни вести доаѓаат од Хрватска. Македонското карате доби нова голема надеж – Љупче Михајлов се искачи на пиедесталот на Младинската светска лига во Пореч, освојувајќи...
spot_img