13.2 C
Shtip
spot_img

Штипјанецот Љупче Михајлов трет на Светската младинска лига во Пореч!

Сјајни вести доаѓаат од Хрватска.

Македонското карате доби нова голема надеж – Љупче Михајлов се искачи на пиедесталот на Младинската светска лига во Пореч, освојувајќи бронзен медал во конкуренција од најдобрите млади каратисти во светот!

Михајлов оствари пет импресивни победи над врвни ривали од:
Холандија, Чешка, Австрија, Полска и Словачка, покажувајќи карактер, подготвеност и исклучителна борбеност.

Во полуфиналната борба, Љупче се соочи со актуелниот светски и европски младински шампион, Питсул од Украина. Во исклучително изедначен и динамичен дуел, Михајлов водеше двапати, но сепак беше поразен со минимални 5:3, што ја потврди високата класа и конкурентност на македонскиот каратист.

„Ова е огромен резултат и уште еден доказ дека сме на вистинскиот пат. Нашата цел останува јасна – медал од Европско и Светско Првенство. Презадоволни сме од настапот на Љупче,“ истакнаа тренерите Жарко и Сашко Арсови, кои стојат зад успехот како водечки имиња на Карате клубот Штип.

Одличен настап имаше и Мила Панчева, која забележа победа над каратистка од Молдавија, а во следната борба беше елиминирана од натпреварувачка од Италија по судиско гласање при резултат 0:0 – уште еден показател за високото ниво на конкуренција.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img