31.9 C
Shtip
spot_img

СДСМ го избра својот кандидат – може ли Павел Иванов да го победи Иван Јорданов?

На седница на Извршниот одбор на СДСМ, Павел Иванов беше едногласно избран за кандидат за градоначалник на Штип на претстојните локални избори. СДСМ преку официјално соопштение најави дека ќе настапи со, како што велат, „најдобрата кадровска понуда“ и „најдобрата програма“.

Од друга страна, актуелниот градоначалник Иван Јорданов, кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, зад себе има веќе неколку реализирани капитални проекти, видливи инфраструктурни зафати, како и поддршка од дел од стопанството и граѓанскиот сектор. Според анкетите од изминатиот период, Јорданов ужива стабилна доверба меѓу граѓаните, што ќе претставува сериозен предизвик за секој противкандидат.

Иако Иванов влегува во трката со поддршка од својата партија, останува прашањето дали има капацитет да се спротивстави на веќе воспоставеното темпо на работа во општината. Политичките аналитичари очекуваат динамична и интересна кампања, но и укажуваат дека „во моменти кога граѓаните веќе гледаат резултати, промените мора да понудат повеќе од зборови“.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img