15.4 C
Shtip
spot_img

Со донации и помош од општината се гради куќата за штипската четворка

Започна расчистувањето на теренот во центарот на Штип. каде ќе се гради куќата на семејството Зикови и нивните четири близначиња – Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина. Плацот од 470 м2 е подарок од општината Штип, а изградбата со одлука на Советот на општината, е ослободена од давачки – комуналии и данок на промет.

Се работи за плац, кој се наоѓа на една од штипските висинки и според компаниите кои доброволно го расчистуваат, е на прилично тежок терен за работа. Организацијата на работите ја презеде хуманитарната организација „Подај рака спаси живот“ на Александар Георгиевски, која досега има бројни вакви хуманитарни проекти.

„Четирите близначиња Михаил Теодор Ведран Леонтина и нивните родители Благица и Александар и те како заслужуваат подршка и помош кампањата за изградба на комплетно нов дом е веќе започната од сите нас зависи дали ова шестчлено семејство ќе живее достоинствено и безгрижно во иднина“, повика Георгиевски на вклучување на хуманите луѓе во изградбата на домот за четворката.

Преку Икрауд платформата за донации, организирана е собирна акција. Планот е да се соберат 2 милиони денари во наредните 65 дена. До сега се собрани 152.700 денари.  Во функција е  и телефонски број за донации на сите оператори: 143 – 999, а отворена е и сметка за донации.  

Во изградбата на куќата за четворката учество најавија и повеќе компании, а таму каде се може помош ќе дава и општината Штип.

-Обезбедивме е и проект за куќата, врз основа на кој е издадена дозвола за граба. Ќе помагаме и при градењето, изјави Вишна Шорова – Ангелова, секретар во Општината Штип.

Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина сега имаат една година и девет месеци и веќе се во градинка, која им обезбедена од општината. Брзо помина времето од веста дека во Штип по 26 години повторно се роди четворка.

Родителите Благица и Александар Зикови велат дека куќата на родителите на Александар, каде сега живеат, станува тесно и новиот дом станува  вистинска потреба. Предизвик е да се одгледаат четири деца во исто време, особено што во младото семејство работи само Александар.

━ повеќе содржини

Јубилејно 40-то издание на Макфест!

Од 23 до 25 октомври 2025 година во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип ќе се одржи јубилејното 40-то издание на фестивалот „Макфест“...

Во сабота во Штип ќе се вози шампионски круг во чест на титулата на Петар Мијалков

Датум: 25.10.2025 (сабота) Време: Собирање во 11:00 часот Локација: Кај новата пошта – Градски стадион Ги покануваме сите љубители на моторите да ни се придружат на шампионскиот...

Денес започнува втората кошаркарска лига – штипските Соколи со големи амбиции

Денес (среда) започнува новата сезона во втората кошаркарска лига во која се натпреварува штипската екипа КК Соколи 1933. Во Штип, во СЦ Јордан Мијалков,...

Започнаа активностите во викенд-населбата Плуждино

Започнаа активностите на подземната инфраструктура во викенд населбата Плуждино. Околу 150 викенд куќи ќе бидат поврзани на водоводната линија, со што ќе се реши...

Денес е Светиот апостол Јаков

Светиот апостол Јаков Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на чудата на...
spot_img