9.4 C
Shtip
spot_img

Голем број на TikTok-ови за менталното здравје содржат дезинформации

Повеќе од половина од најпопуларните видеа за менталното здравје на TikTok содржат дезинформации, според истражувањето на британскиот „Гардијан“.

Експертите ги оценија 100-те најгледани видеа под хаштагот „#mentalhealthtips“, откривајќи дека 52 од нив биле неточни, збунувачки или бескорисни.

Истражувањето откри дека инфлуенсерите често шират дезинформации, нудејќи „брзи решенија“, злоупотребувајќи го терапевтскиот јазик и промовирајќи нереални совети.

На пример, некои видеа сугерираат дека јадењето портокали под туш може да ја намали анксиозноста, додека одредени додатоци се препорачуваат како решение за проблеми со менталното здравје, и покрај недостатокот на докази за нивната ефикасност.

Психијатрите и психолозите, вклучувајќи ги Дејвид Окаита и Ден Поултер, нагласија дека ваквите видеа не само што шират дезинформации, туку и ги тривијализираат сериозните ментални болести.

Полтер додаде дека многу од овие видеа „несоодветно“ ги прикажуваат секојдневните емоции, што може да доведе до конфузија и да создаде лажна слика за сериозноста на менталните болести.

Пратениците исто така загрижени
Британските пратеници, исто така, изразија загриженост за дезинформациите на социјалните медиуми.

Претседателката на технолошкиот комитет, Чи Онвура, истакна дека алгоритмите на TikTok ги засилуваат потенцијално штетните совети за менталното здравје.

Викторија Колинс, либерална демократка, повика на итна регулатива за заштита на јавноста од такви дезинформации.

TikTok одговори на критиките, велејќи дека активно соработува со здравствени експерти, вклучувајќи ја Светската здравствена организација и Националната здравствена служба, за промовирање точни информации и отстранување на штетна содржина.

Платформата додаде дека отстранува 98 проценти од штетните дезинформации пред да бидат пријавени.

Истражувањето и повиците за акција ја истакнуваат потребата од построги закони и прописи за да се обезбеди точноста и безбедноста на информациите споделени на социјалните медиуми.

━ повеќе содржини

Такси беззаконието во Штип заминува во историја – Строги правила од 1.Февруари

Такси превозот во Штип влегува во нова фаза по три децении нерегулирано работење и беззаконие во овој бизнис. По долг период на хаос, конечно...

Одбојкарско дерби денес во Штип!

Денес, понеделник, со почеток од 18:00 часот во салата Јордан Мијалков во Штип ќе се одигра одбојкарското дерби во првата македонска одбојкарска лига помеѓу...

“Музичка Фабрика” – Нов национален проект за детска музика кој отвора врати за млади таленти

Музичка Фабрика е првиот национален културно-образовен музички проект за деца, чија мисија е да ја поддржи, развие и афирмира детската музичка креативност. Проектот создава...

Сите добитници на наградите Греми!

Раперот освои пет награди, вклучувајќи ја и онаа за плоча на годината за „Luther“, дует со SZA, како и за најдобар рап албум за...

LED семафорите носат поголеми почетни трошоци, но значителни долгорочни заштеди

Сè повеќе градови ширум Европа и светот се одлучуваат за воведување на LED семафори, кои иако имаат повисока почетна цена, носат големи заштеди на...
spot_img