20.6 C
Shtip
spot_img

Улицата „Широк Дол“ со целосно нов изглед

Со финалното асфалтирање на преостанатиот дел од улицата, уредување на површините пред станбените згради и обезбедување на паркинг простор, завршена е комплетната реконструкција на улицата Широк Дол во Штип.

Дополнителните интервенции, иако не беа дел од првичниот проект, беа вклучени поради реалната потреба на граѓаните и нивните секојдневни барања. Од општината велат дека токму тие се приоритетот при секоја интервенција на терен.

🔜 Во следниот период започнува нова фаза на работа на улицата Пиринска, каде што веќе беше завршена подземната инфраструктура. Сега следуваат нови градежни зафати со цел финализирање на проектот.

Општинските служби истакнуваат дека продолжуваат да работат посветено, транспарентно и со јасна визија за модерен и поубав Штип.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img