22.7 C
Shtip
spot_img

Amazon тестира хуманоидни роботи за достава

Amazon развива софтвер за хуманоидни роботи и гради „хуманоиден парк“ во САД за тестирање на хуманоидни машини кои би можеле да „излетаат“ од комбиња и да испорачуваат нарачки.

Технолошката компанија на Безос, вредна 2 трилиони долари, гради „хуманоиден парк“ во САД за тестирање на роботи, објави технолошкиот сајт The Information, цитирајќи лице вклучено во проектот.

Информациите велат дека роботите на крајот би можеле да ги преземат работните места за испорака. Софтверот базиран на вештачка интелигенција што ќе ги напојува роботите се очекува да биде дело на тимот на Amazon, но ќе се користи хардвер развиен од други компании.

Компанијата се надева дека роботите ќе можат да се возат во комбињата Rivian на Amazon и да вршат испораки од нив.

Дури и со човек зад воланот, роботот теоретски би можел да го забрза времето на испорака со одење на една адреса додека човекот го доставува пакетот на друга локација. Amazon е заинтересиран и за автономни возила преку својата подружница Zoox.

По завршувањето на тестирањето на роботите во хуманоидниот парк, планот е да се оди на тестирање за да се обидат да доставуваат пакети до домашните адреси во реалниот свет.

Ако Anazon би се ограничил на релативно чисти патеки и стандардни распореди на вратите и околината, задачата за роботите би била многу поедноставна.

„Како што опкружувањето станува покомплексно и променливо, а во игра влегуваат и други фактори – како што се домашните миленици и малите деца – проблемите стануваат потешки“, заклучува професорот.

━ повеќе содржини

Во недела во Штип – OldTimer Car Show!

Во недела со почеток од 11:00 часот Штип повторно ќе биде домаќин на една несекојдневна изложба која ќе ги обедини љубителите на автомобилската историја,...

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...
spot_img