34.3 C
Shtip
spot_img

Лани во Македонија се случиле над 2 илјади разводи!

Во 2024 година бројот на склучените бракови е намален за 12.7 % во споредба со 2023 година. Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27 години за невестата и 30 година за младоженецот. Бројот на разводите е зголемен за речиси 15 % во споредба со 2023 година. Ова се најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Во 2024 година во однос на 2023 година се склучени за 12.7 % помалку, а разведени за 14.7 % повеќе бракови. Податоците на статистичарите велат дека лани се склучени 11 066 бракови и во споредба со претходната година нивниот број е намален за 12.7 %. Најмногу бракови, 1 452 или 13.1 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец април, 661 брак или 6.0 %. Податоците велат дека најчесто се стапувало во прв брак со учество од 92.9 % за жените и 92.3 % за мажите. Во втор брак со учество од 7.1 % и во трет брак со учество од 0.7 %, во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите. Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27 години за невестата и 30 година за младоженецот.

Во извештајот на Државниот завод за статистика може да се забележи и дека во 2024 година, според возраста, најмногу бракови биле склучени во старосната група од 25 до 29 години, односно 3 658 или 33.1 % кај жените и 3 871 или 35 % кај мажите.

Во однос на разводите пак, според возраста, најголем број разводи кај жените имало во старосната група од 35 до 39 години, односно 359 или 17.7 %, а кај мажите во старосната група од 40 до 44 години, односно 347 или 17.1 %. Според траењето на бракот, најмногу разводи, 488 или 24.1 %, се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.

Склучени бракови – 11 066
Просечна возраст на младоженецот во прв брак – 30 години
Просечна возраст на невестата во прв брак – 27 години
Разведени бракови -2 024

━ повеќе содржини

Раде и Марјан Ивановски од Штип со златно одличје на “Бланик Куп” во Приједор!

Татко и син од Штип со злато за Македонија на „Бланик куп“ во Приједор: Раде и Марјан Ивановски најдобри во екипна конкуренција. Македонското воздухопловство забележа...

Бројот на запишани студенти на УГД поголем од ланската година!

1150 документи се поднесени за упис на УГД Штип. Бројот е поголем од лани. 1150 документи се поднесени за упис на УГД Штип, во првиот...

Штипјанка влегла во дом на кумановци, била агресивна и oдбивала да си замине!

Триесет и двегодишна жена од Штип била приведена викендов по пријава дека влегла во куќа во Куманово, била агресивна и не сакала да си...

Штип: Пијан мотоциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа

Во саботата, на 22.08.2026 во 16:30 часот во СВР Штип е пријавено дека во 11:40 часот на ул.„Брегалничка“ во Штип се случила сообраќајна несреќа...

Штипјанката Бојана, обвинета во случај со брутално убиство во Хрватска, исчезна заедно со своето малолетно дете!

Хрватската полиција трага по 33-годишната Бојана Пешевска, родена во Штип, која минатата година беше обвинета за повеќе кривични дела поврзани со случајот со бруталното...
spot_img