25.6 C
Shtip
spot_img

Штип добива нова инвестиција: Италијанска компанија ќе отвори фабрика за монтажни базени

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, за време на својата работна посета на Италија, оствари средба со регионалниот советник Фабио Каросо во Торино. На средбата беше потврдена нова странска инвестиција која ќе придонесе за економскиот развој на Штип.

Во наредните месеци, во Штип ќе биде отворена фабрика за производство на компоненти за монтажни базени, која ќе овозможи отворање на 30 до 50 нови работни места. Оваа инвестиција е резултат на интензивната соработка помеѓу локалната самоуправа и италијанските партнери.

Градоначалникот Јорданов изјави: „Ова е уште еден чекор напред за локалната економија и доказ дека Штип станува сè попривлечна дестинација за странските инвеститори.“

Повеќе детали за конкретната локација и почетокот на изградбата се очекуваат наскоро.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img