8.7 C
Shtip
spot_img

Во Истанбул во 10 часот денеска, нов обид за мир меѓу Русија и Украина

Во услови на зголемена дипломатска неизвесност и длабока недоверба, руско-украинските преговори што треба да започнат денеска во Истанбул се соочуваат со скептицизам уште пред нивниот официјален почеток, објави Ројтерс. Рускиот претседател Владимир Путин одби да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, испраќајќи второстепена делегација, додека Киев најави дека нивната делегација ќе ја предводи министерот за одбрана, Рустем Умеров.

Станува збор за прв директен обид за разговор меѓу двете страни од март 2022 година, но надежите за значаен напредок беа дополнително разнишани по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека нема да има придвижување без лична средба меѓу него и Путин.

Американскиот државен секретар Марко Рубио од летувалиштето Анталија изјави дека Вашингтон нема големи очекувања од овие разговори. Тој оцени дека „дипломатскиот ќорсокак“ нема да се надмине додека не се одржи директна средба меѓу Трамп и Путин.

Од руската страна, преговорите ги води советникот на Кремљ, Владимир Медински, кој порача дека руската делегација е подготвена за работа и дека веќе имале „продуктивен“ состанок со турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан.

Зеленски, пак, ја нарече руската делегација „декоративна“ и додаде дека Путин со својот потег покажал дека не е сериозен во однос на прекинот на војната.

„Чувствувам непочит од Русија. Нема време за состанок, нема агенда, нема високо ниво на делегација – ова е лична навреда“, изјави Зеленски по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Украинската делегација има мандат да разговара за итен, безусловен прекин на огнот во траење од 30 дена, додека Путин инсистира најпрво да се преговара за условите под кои би се спровел таков прекин.

Во меѓувреме, Русија објави дека зазела уште две населени места во регионот Доњецк, а портпарол на министерството за надворешни работи на Русија потсети на минатогодишната изјава на Лавров дека „Украина станува сè помала“ без договор за прекин на огнот.

Иако обете страни во јавноста се претставуваат како подготвени за преговори, суштинските разлики остануваат длабоки. Русија и понатаму бара Украина да се откаже од амбициите за членство во НАТО, да прогласи неутралност и да отстапи дел од својата територија – барања што Киев ги смета за капитулација.

Почетокот на новата рунда преговори во Истанбул е закажан за денеска во 10 часот по локално време, но останува нејасно дали навистина ќе дојде до значаен дијалог, или ќе се повтори сценариото од пред три години, кога исто така, разговорите во Истанбул завршија без конкретни резултати.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img