12.6 C
Shtip
spot_img

Професор Хаџи-Јанев за убиството во Штип: “Убиецот не е професионалец, пука од бес”

Во полно кафуле вчера вечерта ладнокрво е убиен маж. Според неофицијалните информации се испукани осум куршуми, а во телото на убиениот завршиле четири, па и покрај напорот на лекарите во штипската болница, тој починал.

Храброста да се изврши убиство пред полно кафуле сведоци и пред безбедносните камери во објектот го наметнува пршањето-дали значи дека лицето, кое беше во бегство, а кое веќе е уапсено, е високо професионален убиец?

Методи Хаџи Јанев, професор на Воената академија и на Правниот факултет во Штип смета дека не станува збор за високопрофесионален убиец, туку за убиство од бес.

Според тоа што се гледа на снимката од убиството, не се работи за високо професионален убиец. По начинот на кој го вади оружјето и пука, по начинот на држење на телото, пукањето и покрај тоа што веројатно е свесен дека има камери, зборува дека е убиство направено од емоции ,бес, објасни проесорот Хаџи Јанев за ММС.

МВР уште вчера вечерта информираше дека станува збор за странски државјани. Како што се гледа од безбедносните камери на кафулето, убиецот ладнокрвно пука во лицето, потоа бега.

Нефицијално ММС дознава дека убиецот не не студент и дека заради убиството од Скопје е дојден во Штип.

Колку за информација за странски државјанин се запише и престојува во Македонија мора да добие дозвола за престој, која ја издава МВР по претходна проверка на лицето на безбедносните служба.

━ повеќе содржини

Денес се слави и чествува Покровита Богородица!

Денес е Покров на Пресвета Богородица – уште познат и како Покровита Богородица – голем празник кој со особена побожност се чествува во Штип,...

Автофагија – процес во кој организмот “се јаде самиот себе”

Целта на автофагијата е да го „изеде“ сето тоа што не чини во телото и да го претвори во енергија Автофагија во буквален превод значи...

Ако Лихтенштајн не прими „шестка“, тогаш и реми во Кардиф ни носи полесен ривал во баражот!

Македонската фудбалска репрезентација синоќа ремизира против Казахстан, додека Белгија славеше во Кардиф против Велс (4-2) што значи дека речиси сигурно ги изгуби шансите за...

Раде Рогожаров со голем кам-бек на музичката естрада!

По подолга пауза, една од најпознатите и најпозитивни јавни личности во Македонија, штипскиот актер, ТВ водител и пејач Раде Рогожаров, официјално најави дека се...

Столе Димитриевски: Целта е јасна, да излеземе на терен и да победиме

Репрезентацијата на Македонија вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го пречекува составот на Казахстан, во меч кој може да биде клучен за...
spot_img