20 C
Shtip
spot_img

Американец цели 18 години си вбризгувал змиски отров и созадал најсилен противотров

Антителата пронајдени во крвта на Тим Фрид штитат од смртоносни дози од голем број змии, додека достапните терапии мора да бидат прилагодени на специфичниот тип на отровна змија што каснала некого.

Фрид преживеал повеќе од 200 отровни каснувања и повеќе од 700 инјекции со отров од најсмртоносните змии во светот, вклучувајќи неколку видови мамби, кобри, тајпани…

Тој првично сакал да го изгради својот имунитет за да се заштити при ракување со змии, документирајќи ги своите подвизи на YouTube, но на самиот почеток од овој експеримент завршил во кома поради два каснувања од кобра во краток временски период.

Но, поранешниот механичар на камиони рече дека „сосема погрешил“ на почетокот.

”Не сакав да умрам. Не сакав да го изгубам прстот. Не сакав да отсуствувам од работа“, изјави тој за Би-Би-Си.

Противотровот моментално се прави со инјектирање мали дози змиски отров кај животни, како што се коњите, чиј имунолошки систем се бори против отровот со производство на антитела, кои потоа се собираат за да се користат како терапија.

Отровот и противотровот мора да бидат тесно поврзани бидејќи токсините во отровното каснување се разликуваат од вид до вид, но тимот истражувачи почна да бара еден вид имунолошка одбрана наречена „широко неутрализирачки антитела“.

Наместо да го таргетираат делот од токсинот што го прави уникатен, тие ги таргетираат деловите што се заеднички за цели класи на токсини.

Потоа докторот Џејкоб Гленвил, извршен директор на биотехнолошката компанија „Сентивакс“, наишол на Тим Фрид.

„Веднаш помислив дека ако некој во светот ги развил овие широко неутрализирачки антитела, тоа е тој и затоа се обратив кон него“, рече тој.

Истражувањето се фокусираше на елапидите, една од двете семејства на отровни змии, како што се коралните змии, мамбите, кобрите, тајпаните и крајтите.

Елапидите првенствено користат невротоксини во својот отров, кои го парализираат нивниот плен и се фатални кога ги запираат мускулите потребни за дишење.

Истражувачите избраа 19 елапиди идентификувани од Светската здравствена организација како најсмртоносни, а потоа ја тестираа крвта на Фрид.

Студијата идентификуваше две широко неутрализирачки антитела кои би можеле да таргетираат две класи на невротоксини, а тимот додаде трето антитело за да создаде коктел против отровот.

Во експерименти врз глувци, животните преживеале инјекции со смртоносни дози отров од 13 од 19 отровни видови змии со помош на овој противотров, а имале делумна заштита од преостанатите шест.

„Ова е неспоредлив опсег на заштита, веројатно опфаќајќи цел спектар на елапиди за кои во моментов нема противотров“, рече Гленвил.

Отровните змии моментално убиваат околу 140.000 луѓе годишно, а три пати повеќе имаат ампутации или се соочуваат со траен инвалидитет како резултат на нивните каснувања.

━ повеќе содржини

Во кои европски земји се најскапи, а во кои најефтини намирниците за живот?

Иако инфлацијата во Европската Унија(ЕУ) е 2,6 проценти, најновите податоци од Евростат покажуваат големи разлики во цените на основните прехранбени производи меѓу земјите-членки. Лебот, житарките...

Српската пејачка Марија Микиќ направи скандал на протестите во Белград!

„Одеднаш сите почнаа да викаат, да го удираат автомобилот, да го тресат. Една девојка легна пред мојот автомобил, друга снимаше како, наводно, се обидувам...

Спортски Штип се сеќава – пред точно 61 година се случи трагедијата со автобусот на ФК Брегалница

На денешен ден, 2 јули, пред точно 61 година, фудбалската експедиција на Брегалница Штип доживеа една од најголемите трагедии во својата историја – настан...

На 28 години почина порно актерката Кајли Пејџ

Кајли, која е позната во индустријата од 2016 година, беше активна на социјалните мрежи, особено на Instagram, каде што имаше речиси 400.000 следбеници. Таму...
spot_img