26.2 C
Shtip
spot_img

Аеродромот во Тирана руши рекорди на број на патници со своите цени

Меѓународниот аеродром во Тирана (ТИА) продолжува со трендот на зголемување на бројот на патници, кои ги користат неговите услуги, но и на транспортот на стоки.

Тоа го потврдуваат податоците на државниот Институт за статистика (ИНСТАТ), според кои во првиот квартал од годинава регистрирани се 2.083.050 патници, наспроти над 1,9 милиони патници или 9,1 отсто повеќе, споредено со истиот период минатата година.

Освен албански, услугите на аеродромот, во голем број, ги користат и македонските, косовските и црногорските граѓани.

Официјалните статистички податоци покажуваат дека во овој период е зголемен и обемот на стока што се транспортира со авион.

Обемот на стоки, вклучително и влезна и појдовна пошта, преку воздушен транспорт изнесува 550,5 тони, од кои 74,5% се влезна стока и 25,5% појдовна стока. Вкупниот обем на стоки за првиот квартал од 2025 година е зголемен за 10,2%, во однос на првиот квартал од 2024 година. Во овој период во авиопревозот оперирале 19 авиокомпании, од кои 18 странски и 1 албанска. Според ИНСТАТ, во албанскиот воздушен простор летале 65.146 авиони, од кои 79,5% се прелети.

━ повеќе содржини

НОВО ВО ШТИП: Отворена е продавница за детски играчки и бебе-опрема MINOLI

Уште едно ново место во градот кое вреди да го запознаете! MINOLI е продавница за играчки и бебешка опрема, каде родителите можат да пронајдат...

После смртта на својот татко, Меси става крај на фудбалската кариера!

Потресен од загубата на својот татко, Лионел Меси решил да ја стави кариерата во мирување на неопределен период за да остане со своите најблиски...

Наскоро: Чоколадо кое нема да се топи на летните горештини

Чоколадото во иднина би можело да остане цврсто и на температури од 38 до 45 степени Целзиусови, а научниците веќе работат на развој на...

После повеќе од 20 години, ЈП Исар го решава проблемот со водоводната линија во штипско “Горно маало”

По повеќе од две децении, конечно се создадоа услови за долгорочно решавање на еден од проблемите со кои со години се соочуваат жителите на...

14 различни начини на спремање на оброк од јајца

Варени, поширани, печени, пржени или како кајгана – јајцата можат да се подготват на многу начини, а речиси секој има свој омилен рецепт. Но,...
spot_img