21.8 C
Shtip
spot_img

Агенцијата за храна направи 617 вонредни контроли пред Велигден, најдени 1 740 килограми небезбедна храна

Шестотини и седумнаесет вонредни контроли спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пред велигденските празници.

„Кај 16 оператори со контролите утврдено е дека незадоволителни биле хигиенските барања за безбеднoст на храната и техничките услови во објектите. 4 од операторите не ги спровеле задолжителните здравствени прегледни на вработените или поседувале санитарни книшки со истечен рок на важност.

Пет од операторите не биле регистрирани како оператори со храна во АХВ, а кај осум, биле пронајдени несоодветно означени производи.

За утврдените недоследности кај различни категории оператори со храна, издадени се 44 решенија за нивно отстранување. За пуштање во промет на небезбедна храна и утврдени недоследности од поголем обем, изречени се и 30 парични казни во износ од 25 400 евра во денарска противвредност.

Нештетно се уништени 1 740 килограми небезбедна храна“, велат од АХВ.

━ повеќе содржини

Штипјанка измамена за скоро 5.000 евра: Лажен директор на финансиско друштво ѝ ветил кредит

Жена од Штип пријавила дека била измамена за повеќе од 4.700 евра, откако лице кое се претставило како директор на финансиско друштво ја контактирало...

Раде и Марјан Ивановски од Штип со златно одличје на “Бланик Куп” во Приједор!

Татко и син од Штип со злато за Македонија на „Бланик куп“ во Приједор: Раде и Марјан Ивановски најдобри во екипна конкуренција. Македонското воздухопловство забележа...

Бројот на запишани студенти на УГД поголем од ланската година!

1150 документи се поднесени за упис на УГД Штип. Бројот е поголем од лани. 1150 документи се поднесени за упис на УГД Штип, во првиот...

Штипјанка влегла во дом на кумановци, била агресивна и oдбивала да си замине!

Триесет и двегодишна жена од Штип била приведена викендов по пријава дека влегла во куќа во Куманово, била агресивна и не сакала да си...

Штип: Пијан мотоциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа

Во саботата, на 22.08.2026 во 16:30 часот во СВР Штип е пријавено дека во 11:40 часот на ул.„Брегалничка“ во Штип се случила сообраќајна несреќа...
spot_img