11.8 C
Shtip
spot_img

Штипјанецот Поповски повторно одличен!

Одличниот Мартин Поповски и неговиот тим Амичитија Цирих преку драматичен натпревар против Сухр Арау се изборија за мајсторка, петти решавачки дуел во четврфиналето на плејофот во Швајцарија.

Цирих по еден вистински трилер со дополнителни минути се избори за конечна победа на ова гостување со 39:36 и сега ќе има можност пред своите гледачи на 17 април да дојде до билет полуфиналето кое носи битка со брнаителот на пехарот Кадетен Шафхаузен.

Штипскиот и македонски интернационалец Поповски одново беше на највисоко ниво, постигнуваше погодоци во многу клучни моменти и на крајот заврши како прв стрелец во победничкиот тим (заедно со Смитс) со осум реализации од девет обиди.

Дали одличните игри во последно време ќе го замислат селекторот Лазаров за кам-бек на Мартин во репрезентацијата останува да видиме…

━ повеќе содржини

Млади штипјани во трката за 1.000.000 денари – време е да ги поддржиме

Градот кој отсекогаш се гордеел со своите ученици, професори и иноватори, сега сегордее со нова генерација млади штипјани кои размислуваат храбро и визионерски.Три тимови...

Лоши вести за Шкендија: Крај на сезоната за Штипјанецот Ване Крстевски!

Лоши вести за Шкендија. Крилниот напаѓач на Шкендија, Ване Крстевски претрпе фрактура на клучната коска со дислокација, повреда поради која ќе мора на итна...

Ултрамаратонците од Штип повторно го развеа македонското знаме – прво место и рекорд за Кристијан Киров во Србија!

Тимот на „Ултра“ од Штип повторно ја претстави Македонија и својот град во најдобро светло надвор од државните граници. На 2 ноември, македонското знаме...

НАЈМАЛКУ ДЕСЕТ ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАР ВО ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО ТУЗЛА

Најмалку десет луѓе загинаа, а 20 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла. Пожарот избувнал на седмиот кат од зградата...

Мадона се мажи за момче, помладо од нејзината ќерка- свадбата ќе се одржи во Европа

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е...
spot_img