25.3 C
Shtip
spot_img

УФЦ ѕверот со македонски корени повторно доминира!

Александар Волкановски повторно испиша историја во УФЦ, совладувајќи го Диего Лопез и освојувајќи го шампионскиот појас со одлука на судиите.

Иако за време на борбата доби силен удар во левото око, што му го замагли видот и му го отежна движењето во октагонот, Волкановски не се откажа. Покажа неверојатна ментална сила и истрајност, продолжувајќи да се бори до крајот.

„Во еден момент примив удар директно во окото и не гледав ништо. Се обидував да си го вратам видот и полека почнав повторно да гледам, иако сè беше заматено. Но, се снајдов – ја следев борбата, ја држев под контрола и знаев што треба да направам“, рече Волкановски по победата.

Оваа борба само уште еднаш потврди зошто Волкановски е еден од најдоминантните борци на денешницата – со срце, техника и храброст што инспирира.

Волкановски има прекар Alexander The Great по големиот македонски војсководец. Тој негува посебни чувства за Македонија, па така на финалниот меч настапи во шорцеви со македонски дезени.

━ повеќе содржини

Заврши асфалтирањето пред ОУ „Ванчо Прке“ и ТЦ – следува градежна офанзива

Завршени се градежните активности за асфалтирање на платформата пред основното училиште „Ванчо Прке“, како и на конзолата пред Трговскиот центар. Овие зафати се дел...

Асфалтирано платото и паркингот пред фудбалскиот терен на Бело Брдо

Денес беше завршено асфалтирањето на платото и паркинг површината пред фудбалскиот терен во населбата Бело Брдо, со што се подобрува пристапот и условите за...

Во недела ќе се одржи првиот таеквондо турнир „Штип опен 2025“

Во недела Таекводно клубот Штип и Македонска таеквондо федерација го организираат првиот таеквондо турнир „Штип опен 2025“. Турнирот ќе се одржи во спортска сала „Јордан...

Лани во Македонија се случиле над 2 илјади разводи!

Во 2024 година бројот на склучените бракови е намален за 12.7 % во споредба со 2023 година. Просечната возраст при склучувањето прв брак е...

Рачниот менувач заминува во историјата?

Рачниот менувач наскоро може да биде минато, бидејќи најновите бројки покажуваат дека многу малку нови автомобили се достапни со овој тип на менувач. Статистиката е...
spot_img