24 C
Shtip
spot_img

Сензационално откритие на научниците: Луѓето имаат „второ срце“!

Иако со години се сметало дека аортата само пасивно пренесува со кислород збогатена крв од срцето до остатокот од телото, новата студија покажала дека таа всушност се истегнува и контрахира во ритамот на срцето, терајќи ја крвта напред преку процес којшто истражувачите го нарекоа „брановидно пумпање“, пишува „Дејли мејл“.

Оваа акција во синхронизација со работата на срцето, овозможува континуиран проток на крвта, што е особено важно за лицата со срцева слабост (инсуфиенција). Аортата дополнително ја потиснува крвта, намалувајќи го оптоварувањето на ослабеното срце.

Студијата опфатила 159 лица на возраст меѓу 20 и 92 години – 35 пациенти со срцева слабост и 124 здрави лица.

Со помош на магнетна резонанца и софтверска анализа, научниците следеле колку аортата се растегнува и контрахира со секое отчукување на срцето. Резултатите покажале дека здравите аорти, особено кај помладите луѓе, имаат три пати поголема еластичност во споредба со „вкочанетите“ аорти кај заболените.

Кај срцевите болни, аортите биле значително помалку еластични, послаби да се вратат во првобитната форма и со тоа послабо ја терале крвта напред, што доведува до побавен проток и дополнително оптоварување на срцето.

За дополнително да ги проверат овие резултати, научниците направиле вештачки модел на аортата од латекс, чија еластичност можеле да ја прилагодат според податоците на секој испитаник.

Со симулирање на работата на срцето и мерење на притисокот, тие откриле дека повкочанетата аорта произведува послаби и побрзи бранови, што ја забавува циркулацијата.

Студијата, објавена во „Весник на Кралското друштво Интерфејс“ (Journal of the Royal Society Interface), потврдува дека аортата не е само цевка што пренесува крв, туку активен учесник во циркулацијата, што може значително да помогне во работата на срцето.

Наодите отвораат нови можности за третман на срцеви болести – особено терапии што би можеле да ја подобрат еластичноста на аортата.

Таложењето на холестеролот во нејзините ѕидови ја намалува способноста за истегнување и враќање, што дополнително го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар.

Ова откритие го отвора патот за развој на нови терапии што би ја подобриле еластичноста на аортата, со што би се олеснила работата на срцето. Поеластична аорта значи:

• Подобро шириње и собирање

• Подобар проток на крв

• Помал напор за срцето

• Намален ризик од хроничен замор и отежнато дишење

━ повеќе содржини

Што е тивок мозочен удар и КАКО ДА ГО ПРЕПОЗНАЕТЕ?

Незабележливиот мозочен удар всушност се нарекува минлив исхемичен напад (TIA), а е познат и како „мини-мозочен удар“ или „минлив напад“. Тоа е привремена состојба...

Парамаунт продаден за осум милијарди долари

Американските регулатори ја одобрија продажбата на холивудското студио Парамаунт на продукциската компанија на милијардерот Дејвид Елисон, Скајденс, за осум милијарди долари, приближно една година...

Пензиите линеарно се зголемуваат за 2.000 денари

Собранието на Р. Македонија во рамки на 63. седница со 79 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“ ги усвои измените на Законот...

Кој е Мурат Шамил Шен, новиот сопственик на ФК Брегалница?

Од неодамна, фудбалскиот клуб Брегалница од Штип има нов сопственик, тоа е турскиот стопанственик Мурат Шамил Шен. За него се знае дека има искуство...

Дневен хороскоп за петок (25/07)

ОВЕН Ќе се почувствувате благодарни што ќе успеете да му помогнете некому во некој голем проблем. Оваа личност може да биде ваш шеф, родител или...
spot_img