23.2 C
Shtip
spot_img

Македонскиот ароматичен тутун се бара на светските пазари

Незначителни и мали се штетите на леите со тутунов расад. Тутунарите кои со расадопроизводството ја почнаа новата производствена година, навреме ги заштитија од ниските температури леите со посеаниот тутунов расад, велат од Сојузот на земјоделските здруженија кои ја следат ситуацијата на теренот.

-Мали се оштетувањата на тутуновиот расад поради ниските температури. Тоа е поради фактот што нашите тутунопроизводители се добро едуцирани и добро си ги заштитија расадите. Нешто поголеми оштетувања има во реонот на Конче поради надморската височина, но се смета за незначително и нема да влијае врз очекувањата и зголеменото производство на тутун, вели Кире Ристески од Сојузот на земјоделски здруженија.

Нагласи дека за 8 до 10 проценти е зголемен интересот за тутунопроизводство.

Тутунарите ги склучија договорите со откупувачите кои понудија зголемени цени, но секој различни. Тие наскоро ги очекуваат и субвенциите за ланската реколта.

-Според неофицијалните податоци, во моментов се склучени околу 30.000 договори со откупувачите за очекуван принос од 27.000 тони тутун. Тутунот ќе се засади на површина од околу 14.000 хектари. Зголемувањето е околу 8 до 10 проценти. Интересот е поголем поради добрите цени моментално. И ланската реколта се откупи по просечна цена од речиси 400 денари, па со субвенциите кои ги очекуваме за брзо време килограм тутун е 500 денари, објасни Ристески.

Тутунопроизводството, додаде, е со иднина. Оваа култура носи девизен прилив, а македонскиот ароматичен тутун се бара на светските пазари.

-По Турција, Македонија е втора по производство на ароматичен тутун. Светските побарувања се 120 милиони тони, а има производство од 100 милиона тони ароматичен тутун, посочи Ристески.

На покана, Сојузот на земјоделските здруженија учествуваше на конференцијата на Европската асоцијација УНИТАБ која ги застапува интересите на европските тутунопроизводители. Очекува во октомври на состанокот во Неапол, Италија да стане членка на европската асоцијација.

━ повеќе содржини

Шакира ја сними песната за фудбалскиот мундијал 2026!

Шакира повторно ќе прави шоу, овојпат со новата официјална песна за Светското првенство во фудбал во 2026 година. Колумбиската ѕвезда ја најави „Dai Dai“...

„РОЛИНГ СТОУНС” ГО НАЈАВИЈА НОВИОТ АЛБУМ „FOREIGN TONGUES” – ЛЕГЕНДИТЕ СЕ ВРАЌААТ СО СВЕЖ РОК ЗВУК!

Легендарниот рок бенд Ди Ролинг Стоунс официјално го промовираше својот 25-ти студиски албум со наслов Foreign Tongues, кој ќе биде објавен на 10 јули. Новото...

ПИНГВИНИТЕ ИМААТ ДУРИ ДО 1.000 КРАТКИ ДРЕМКИ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ!

Нови набљудувања покажаа дека пингвините можат да имаат дури до 1.000 кратки дремки во текот на еден ден. Наместо континуиран сон, овие птици практикуваат серија...

НА ДЕНЕШЕН ДЕН БИЛА СОЗДАДЕНА „КОКА-КОЛА“ – ПИЈАЛОКОТ ШТО ГО ОСВОИ СВЕТОТ!

На денешен ден во 1886 година, американскиот фармацевт Џон Стиф Пембертон го создал газираниот пијалак кој подоцна ќе стане познат како „Кока-Кола“. Пембертон, кој експериментирал со...

Штипјанецот Горан Тонев промовираше нова песна!

"Со голема возбуда сакам да ви ја споделам мојата нова песна "Да си со мене" која ја снимивме со Јордан Манов. само неколку дена пред да...
spot_img