20.8 C
Shtip
spot_img

По инспекциите: Кабаре Clique пример за безбедност на ноќниот живот

По завршувањето на деталните инспекциски надзори во ноќните клубови и кабареа ширум Македонија, инспекторите заклучија дека на поголем дел од објектите им се одземени дозволите за работа поради непочитување на неопходните безбедносни стандарди. Само одреден број од локалите ги задоволија критериумите и условите за организирање забави од поголем обем.

Според информации добиени од инспекциски извори, меѓу локалите кои успешно ги исполнуваат потребните критериуми е и кабарето „Кликуе“ од Штип.

Во разговор со управителот на друштвото, дознавме дека локалот ги поседува сите неопходни дозволи и лиценци, како и елаборати за противпожарна заштита, проценки на ризик, сертифицирана електрична инсталација со огноотпорни кабли и систем за вентилација и климатизација според сите актуелни стандарди за безбедност.

Дополнително, „Кликуе“ има имплементирано процедури и мерки за заштита и евакуација на гостите, јасно обележани патеки за евакуација, систем за противпожарна заштита, сензори за детекција на пожар, доволен број на влезови и излези, како и обучен персонал за справување со вонредни ситуации. Ваквиот пристап може да послужи како позитивен пример за останатите локали во земјата.

━ повеќе содржини

Преку месноста Струмина Чешма, се поврзуваат населбата Суитлак и село Љуботен

Започнаа градежните активности на терен за асфалтирање на крак кој ќе ја поврзе населбата Суитлак преку Струмина Чешма со село Љуботен. Во прва фаза...

Во штипските основни училишта, во мајскиот уписен рок, за наредната учебна година се запишани 326 ученици

Заврши уписот на првачиња во основните училишта во Штип. Истиот траеше еден месец од 1 до 31 мај. Во петте основни училишта на територија...

Во четврток (05.јуни) дечињата во Штип имаат можност да бидат дел од магичен спектакл со меури!

Уште само 3 дена до најавеното магионичарско шоу со многу меури и балони за деца и младинци "Фиу Фиу и светот на меурите". Балканската...

Ансамблот “Танец” гостува во среда во Штип!

Драги љубители на фолклорот. Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ со гордост најавува целовечерен концерт во Штип, кој ќе ве понесе на...

Селтик (повторно) заинтересиран за Миовски

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски, веројатно ќе ја напушти Џирона во летниот преоден рок. Интерес за Миовски повторно покажува шкотскиот великан Селтик. Миовски, минатото лето од...
spot_img