23.4 C
Shtip
spot_img

Младата пејачка Тамара Грујеска вечерва ќе настапи на Сан Ремо Јуниор

Младата пејачка Тамара Грујеска (14) вечерва ќе настапи на годинашниот Санремо Јуниор во Санремо, Италија. Нејзиниот настап на 16. издание на овој реномиран фестивал за талентирани деца ќе биде во легендарниот театар Аристон во Санремо од 21 часот. Изведувачите ќе ги придружува оркестарот на фестивалот Санремо, составен од 32 музичари.

„По настапот на Детскиот избор за песна на Евровизија во Ница, Франција повторно стапнувам на голема светска сцена. Ќе ја пеам во живо со евровизиската победничка песна ‘Rise Like A Phoenix’. Многу сум возбудена и покрај сè она што се случи во нашата земја и се надевам дека ќе ја добијам поддршката. Вечерашниот настап го посветувам на настраданите и нивните семејства во немилиот настан во Кочани. Ќе пеам за сите нив и во нивна чест“, изјави Грујеска за МИА.

Таа е македонската претставничка на овој престижен фестивал, во конкуренција на учесници од Казахстан, Белорусија, Франција, Јужна Африка, Црна Гора, Молдавија, Индонезија, Бугарија, Австралија, Италија, Украина, Бразил, Германија, Аргентина, Азербејџан, Финска, Узбекистан, Индија, Австрија, Романија, Русија, Тајланд, Ерменија и Малезија.

Во досегашната кариера, Грујеска е добитничка повеќе значајни награди на фестивали во Русија, Србија, Грција.

За овој настап, таа се подготвуваше со нашата поп пејачка и музички педагог, Андријана Јаневска.

Грујеска има закажано повеќе настапи за годинава, меѓу кои и на фестивалот во Естонија „Tallin Voice 2025“ од 1 до 5 мај и на „Musicland“ во Битола и Охрид 13 до 17 август.

━ повеќе содржини

Штипските Соколи сакаат да “летаат” високо во Суперлигата!

Екипата на КК Соколи од Штип и натаму продолжува да го пополнува својот ростер за следната натпреварувачка сезона. Овојпат во прашање е странско засилување...

Штипска црна хроника: Татко ја нападна ќерка си со тврд предмет!

Вчера, (20.08.2026) во СВР Штип, 45-годишна жена од Штип пријави дека во семејниот дом, нејзината 17-годишна ќерка била физички нападната од нејзиниот татко А.Т....

Лажен лекар од Штип измамил жена за 2.500 евра, ја убедил дека внука ѝ е повредена

Лажен лекар од Штип доби кривична пријава откако измамил жена од Пробиштип за 2.500 евра, убедувајќи ја дека нејзината внука паднала и тешко се...

ФК Брегалница по стапките на најголемите клубови: Fantasy лига за сите фанови!

Фудбалскиот клуб Брегалница, по пандан на најголемите европски клубови, отвори своја Фантази Премиер Лига за своите навивачи и фанови. Ваков случај имаат најпознатите фудбалски...

Милан Димитровски од Штип ќе плива делница од 27км, од Охрид до Свети Наум!

На 30 август, штипјанецот Милан Димитровски ќе се соочи со исклучително тежок спортски предизвик – да исплива 27 километри во отворени води, од Охрид...
spot_img