12.8 C
Shtip
spot_img

Со какви методи се вршела обдукцијата на починатите објаснува д-р Александар Станков

Кај дел од настраданите во пожарот во Кочани се утврдени изгореници од прв и втор степен, но кај три лица имало и изгореници од четврти степен, а кај четворица се констатирани скршеници на ребра и задушување од притисок при бегање (стампедо), а повреди од евентуално срушени греди нема. Кај сите 59 жртви при идентификацијата биле користени две методи, ДНК анализа и дактилоскопија, но кај четворица било невозможно да се добијат отисоци поради што била направена само ДНК анализа. Во тек се токсиколошките анализи за да се утврди што било присутно во крвта на загинатите, иако според макроскопскиот наод за време на обдукциите, кај најголем број од нив имало јаглерод моноксид, рече денеска раководителот на Институтот за судска медицина, Александар Станков кој информираше за спроведената обдукција и идентификација на починатите.

Како што истакна Станков, во март се очекува да бидат завршени сите извештаи за обдукциите, но за токсиколошките анализи можеби ќе биде потребно повеќе време. Ќе се прават и патохистолошки анализи и се што ќе биде сработено, Институтот за судска медицина ќе достави до Обвинителството ќе нареди вештачење. 

Обдукциите почнале вечерта, на 16 март, а завршиле претпладнето на 18 март. Идентификацијата, пак, 99 проценти била завшрена во вторникот, на 18 март, а комплетно во утринските часови на 19 март. Идентификацијата првично се спроведувала во болниците каде што биле жртвите, но само со помош на препознавање и лични документи, а потоа биле применети и ДНК анализа и дактилоскопија при што, за да нема никаква грешка, проверка се правела по неколку пати.

-Од обдуцираните 59 лица 70 отсто биле меѓу 16 и 29 години, од починатите 16 се жени, а 43 се мажи. Во детали не би влегувал зашто не се завршени сите анализи, но постојат фрактури на ребра и знаци за притисок кои довеле до задушување, подвлече Станков на прес-конференција.

Во однос на задушувањето, докторот објасни дека под дејство на јаглерод моноксид се јавува главоболка, повраќање, вртоглавица, безсознание, дезориентираност, парализа на мускулите и во вакви случаи, жртвите, вообичаено, се наоѓаат веднаш до местото од кое се обидувале да избегаат.

-Овој гас е многу опасен, нема мирис и вкус, делува на централниот нервен систем, ги онеспособува жртвите и смртта може да настане многу брзо, за неколку минути, зависно колкава е концентрацијата. Во дискотеката каде што се случил пожарот, во тој чад и простор, под дејство на јаглерод моноксид смртта може да настане многу брзо. Ова е многу опасен гас и најчесто се јавува при вакви пожари, поради недоволно, некомплетно согорување. Сепак, во овој случај треба да се земат предвид и другите работи како амбиенталното задушување зашто огнот што гори го троши кислородот, па покрај влијанието на јаглерод моноксидот, има и намалено количество на кислород, нагласи Станков, додавајќи дека во најголем број случаи при вакви големи пожари не е исклучено да се појават и цијан водород и сулфур водород.

На македонските тимови од Судска медицина помош им понудиле колегите од Атина, Солун, Ниш, Белград, Приштина, Тирана, Сараево,…, но нашите експерти, како што потенцира Станков, сами ја завршиле работата.

Одговорајќи на новинарски прашања, Станков подвлече дека обудкциите се нужни за да се докаже вистината. 

Обдукциите се вид собирање материјални докази зашто со нив се одредува причината на смртта, дали постојат други повреди идали прчината за смртта е поврзана со настанот. За а излезе птавдината на виделина и за да иумаме комплетен судски процес, но ид а се покажеме како правна, нормалнма држава, мора да се почитуваат одредени правуила, ние тие правила ги почитуваме, не може да вршиме идентификација и да одредуваме причина за смрт само со преглед, мора да се направи комплетна обдукција и позитивна идентификација за да излеземе пред судот каде ќе имаме многу прашање за да може да ги одговориме, објасни докторот.

На прес-конференцијата беше и деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, Светозар Антовиќ. Тој и Станков изразија сочувство до семејствата и посакаа побрзо закрепнување на повредените кои се хоспитализирани. 

━ повеќе содржини

Во Штип синоќа се одржа Jam Session свирка во чест на Аце – Цеата

Штип и штипјани синоќа оддадоа почит кон својот сограѓанин Александар Коларов - Цеата, басист на групата ДНК, кој загина во трагичната несреќа во Кочани,...

Фудбалскo уживање во Свети Николе по повод 100 години Овче Поле – пријателски меч со ветераните на Брегалница

Фудбалски хепенинг во Свети Николе по повод 100 години од постоењето на фудбалскиот клуб Овче Поле. По тој повод на 26 октомври ќе биде...

На СП во фудбал кое ќе се одржи догодина, останаа уште 20 слободни места, досега има 3 дебитанти

Квалификациите за директните места на СП 2026 се завршени во Африка, Азија, Јужна Америка и во Океанија. Во ноември ќе бидат познати уште 11...

Стив Џобс ќе добие своја монета од еден долар во 2026 година

Стив Џобс, визионерскиот коосновач на Apple, ќе биде овековечен на комеморативна монета од еден долар што ќе биде издадена во 2026 година, потврди Ковачницата...

Србија наскоро ќе набави од руските вакцини против онколошки заболувања

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера во Белград разговараше со руски истражувачи за „развојот на револуционерна вакцина против онколошки заболувања“. „Србија е заинтересирана за овој...
spot_img