21.8 C
Shtip
spot_img

Се претставил дека е син на пејачката Сара Пројковска и барал пари од нашинец во Норвешка кој се понудил за помош

Малку недостасувало Воислав Дабевски кој живее во Осло, Норвешка да бил измамен откако понудил помош по трагедијата во Кочани. Како што пишува тој самиот добил повик од дечко кој се претставил како Филип Мицевски, 20-годишен син на пејачката Сара Пројковска, која загина во пожарот.

„Тој ми раскажа дека неговата сестра, која била со Сара во клубот, сега лежи во болница во Скопје со тешки изгореници и дека во петок треба да ја префрлат во болница во Осло. Звучеше вознемирено, дури и плачеше – толку убедливо што почнав да го тешам. Потоа ми побара пари за маст за изгореници, и тогаш почнав да се сомневам. Ми испрати и слика од пасош, но веднаш забележав по годината на раѓање дека личноста на него е 30-годишен маж, а не 20-годишно момче“, пишува Дабевски

Тој посочува дека во меѓувреме, се распрашал по пријатели за да провери дали приказната е вистинита – и, како што претпоставувал, била целосна измама.

„Затоа, бидете внимателни! Во светот има измамници кои ќе се обидат да ја искористат вашата добрина. Но, јас и понатаму верувам – добри луѓе постојат!“, стои во постот на Дабевски.

━ повеќе содржини

Викендов „Генералка викенд“ во Штип!

Викендов, започнува „Генералка викенд“. Во Општина Штип ќе се чистат локации во централното градско подрчаје, кои се мапирани цела година и на кои е...

Дел од центарот на Штип, клиничка болница, реонот околу судот останаа без струја

Без елекрична енергија остана дел од централното градско подрачје во Штип. Според информации од веб страницата на ЕВН, кога се во прашање прекини во...

Финска ја ограничува употребата на телефони и други мобилни уреди

Финска донесе закон со кој се ограничува употребата на телефони и други мобилни уреди за време на часовите во основните и средните училишта, поради...

Работа од соништата! Бесплатни патувања низ светот и плата близу 120.000 евра

Замислете да патувате низ светот, од Јапонија, преку Мароко до Скандинавија и да уживате во убавините на локалните ентериери и за сето тоа да...

Го чисти црниот дроб како од шала! Ова овошје е чистач на токсини во телото

Нутриционист открил дека јадењето боровинки помага во чистење на црниот дроб, но не смеете да претерувате со ова овошје. Црниот дроб е втор најголем орган...
spot_img