15.3 C
Shtip
spot_img

ЈП Стипион официјално започна со мобилна патрола за контрола на паркирањето во Штип

Со цел подобрување на сообраќајниот ред и зголемување на безбедноста во нашиот град, ве информираме дека на 06.04.2026 год. (понеделник) официјално започна со работа мобилна патрола за контрола на паркирањето.

Патролата ќе врши редовни контроли со посебен акцент на:

возила без регулирана наплата

неправилно паркирани возила

Со воведувањето на мобилната патрола се зголемува ефикасноста во контролата и се намалува човечкото влијание и целосно се отфрла можноста за непостапување.

Наплатата може да се изврши на повеќе начини:

преку мобилна апликација или веб

преку СМС порака

на постоечките терминали за наплата во тобако центрите во Штип

Во ограничен временски период на прилагодување ќе се издаваат опомени за дел од прекршоците (види прилог), по што ќе следува целосна имплементација на системот за наплата и санкционирање на неправилното паркирање.

Апелираме до сите граѓани да ги почитуваат правилата за паркирање и сообраќајната сигнализација. Со одговорно однесување придонесуваме за побезбеден, поуреден и пофункционален град за сите. – стои во официјалното соопштение од ЈП Стипион.

━ повеќе содржини

Претрес во Штип, пронајдена марихуана: Уапсен 23-годишен Турчин

Вчера во 14:50 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода...

Царина заплени авокадо, јагоди и киви вредни 1,4 милиони денари

Царински службеници на граничниот премин Богородица спречиле обид за криумчарење на 12,5 тони овошје и зеленчук со вкупна вредност од околу 1,4 милиони денари,...

Денес е Меѓународен ден на Ромите – празник на гордата култура и тешката борба за еднаквост

Ромите се најголемата малцинска заедница во Европа – со 6 милиони што живеат во ЕУ и 4 милиони во регионот на проширување (Црна Гора,...

Грција воведува забрана за социјални медиуми за деца под 15 години

Грција планира да им забрани на децата под 15 години пристап до социјалните медиуми, а се очекува премиерот Киријакос Мицотакис да ја објави одлуката...

HerFit Progress во Штип работи под полна пареа

Првата женска теретана кај нас работи под полна пареа. Многу млади, но и повозрасни девојки од Штип активно вежбаат и се спремаат за лето.
spot_img