11 C
Shtip
spot_img

Јордан Митев и Амадеус Бенд со концерт за Спасовден во О. Карбинци, Спасен Силјановски и Џенан Лончаревиќ за Св. Тројца во с. Таринци

Концертот ќе се одржи во центарот на општината, а љубителите на музиката ќе имаат можност да уживаат во изведбата на познатите песни кои ги обожава публиката во земјата и надвор од неа.Градоначалникот Паунов, најави и редица активности по повод одбележувањето на овој празник.

,,Денес сакам да ги најавам предстојните активности во Општина Карбинци по повод празниците, кои што ќе следат. Она што е во фокусот на вниманието е празникот Спасовден и како патрон празник на општината и целото она што ќе се случува во рамките на овој празник и вториот празник, кој што е во блиска иднина е празникот Св. Тројца, кој што празник го празнува селото Таринци. На овие два големи веерски празници, она што ќе се случува и оваа година е традиционално веќе втора година по ред имаме повеќе програмски активности. Пред се фокусот ќе биде ставен во вечерните настани, кога ќе се организираат оние поголеми концерти ги оддржавме и изминатата година. Ексклузивно денес најавувам за празниците, а во текот на истиот тој празничен ден ќе се оддржат и неколку други активности важни за нас. Исто така традиционална свечена седница на советот, неколку спортски содржини како турнир во борење и како финале на спортскио ден ќе се оддржи турнир во мал дубал во Карбинци. Најавувам дека ќе има вечерен концерт на ден Спасовден ќе бидат познатиот фолк пејач Јордан Митев и гостите од Србија, а тоа се Амадеус Бенд.”, рече Паунов

Покрај за празникот Спасовден, голем целовечерен концерт се очекува и во селото Таринци по повод празникот Св. Тројца, рече Паунов. На оваа вечер пак ќе настапат познатит Спасен Силјановски и Џенан Лончаревич

Она што го споменав исто така е вториот празник во општината а тоа е Св. Тројца на 8 јуни и на истиот ќе има голем музчки настан од целовечер концерт со изведувачи. Ќе настапи Спасен Силјановски и Џенан Лончаревиќ.

Со нетрпение и голема возбуда општината топло ги поканува сите граѓани во текот на празниците да повелат да добра забава, музика и голема дружба, која ќе ги обедини сите посетители како од Штип, така и од соседните општини.

━ повеќе содржини

Еминем конечно има девојка?!

Познатиот рапер Еминем (53) е во врска со својата фризерка Катрина Малота, објавува E! Online. Интересно е што двајцата се по потекло од Мичиген,...

Како денес би изгледале Југо, Стокец и Фиќо?

Ласло Наѓ Перге од Суботица отсекогаш бил заљубен во автомобилите, а неговата страст датира од неговото детство, кога почнал да црта и дизајнира своите...

Еве во кои 33 општини ќе има втор круг на гласање

Во 33 општини ќе има втор круг на гласање кој треба да се одржи на 2. ноември. Неизвесно е дали во Старо Нагоричане ќе има...

ПАДНАА АМАЗОН, СНАПЧАТ, ФОРТНАЈТ, ПЕРПЛЕКСИТИ Проблеми со системот AWS предизвикаа прекини

Меѓу сервисите кои имаат проблеми се и Фортнајт, Канва и познатиот модел за вештачка интелигенција Перплексити. Според извршниот директор на Перплексити проблемот е во...

Резиме после првиот изборен круг: ПОБЕДА НА ВМРО-ДПМНЕ ВО 53 ОПШТИНИ ВО ПРВИОТ КРУГ, Вреди во 9, СДСМ 8, а ДУИ во 5

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на вчерашниот прв круг од локалните избори победи во вкупно 53 општини, Коалицијата Вреди во 9, СДСМ и Коалицијата во 8,...
spot_img