9.5 C
Shtip
spot_img

Штип започна со проширување на улицата „Маршал Тито“ и изградба на нови паркинг места

Општина Штип ги започна градежните активности за изградба на конзола на коритото на реката Отиња, на потегот од Влашки мост до Градскиот трговски центар. Проектот, вреден 6 милиони денари, е финансиран од општинскиот буџет.

Работите се насочени кон изградба на нови конзоли, со цел проширување на улицата „Маршал Тито“ во централното градско подрачје, која подолго време има потреба од проширување. Проектот ќе се реализира фазно: во првата фаза се издвоени три милиони денари за изградба на конзолите.

Со реконструкцијата ќе се овозможи повеќе паркинг места преку косо паркирање на возилата, додека улицата ќе остане еднонасочна – информира градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

━ повеќе содржини

Ордан Зарински од Штип е добитник на стан во Скопје од инстант лозот на Државна лотарија

Стан во Скопје од инстант лозот „Доме сладок доме“ за Ордан Зарински од Штип Ордан Зарински од Штип освои стан во Скопје од инстант лозот...

За прв пат во Штип: Вински салон-фестивал! Спој на квалитетна капка вино, отменост, елеганција…

На 21.март годинава, Штип за прв пат ќе биде домаќин на еден настан посветен на винската култура. По пандан на големите европски метрополи, Штип...

Во тек се пријавите за второто издание на „Вардиште Траил“ во Штип

На 29 март ќе се одржи второто издание на „Вардиште Траил“ во Сончев Град во Штип, а во организација на клубот Ултра. Во тек...

Владата ја поздрави инвестицијата на „Актива Штип“ во нови производствени капацитети

Новите инвестиции во производствените капацитети на компанијата „Актива Штип“ носат значајна додадена вредност за македонската и локалната економија, беше истакнато при посетата на фабриката,...

Девојките од ОК Младост УГД газат сѐ пред себе

"Повторно голема победа од 3:1 против ланскиот шампион Јанта Волеј од Скопје! Денес одбележавме посебен резултат за нашиот клуб – пласман во завршниот турнир на...
spot_img