2.9 C
Shtip
spot_img

Штип е подготвен за почеток на новиот формат на Д-Фестивал!

Штип е подготвен од денеска да ги пречека илјадниците посетители на традиционалниот Д фестивал (The Festival), кој 14 години се одржуваше во Дојран, а годинава за првпат во Штип. Годинашниов фестивал има и хуманитарен карактер, иако влезот за сите музички и други програмски содржини е слободен.

Организаторот „Пасворд продукција“ најави дека ќе има хуманитарни билети, а сите средства ќе бидат наменети за настраданите во пожарот во Кочани.

Оваа година, нема да има камп за посетителите, а сите музички настани ќе се реализираат во кругот на Градскиот стадион во Штип, и тоа на помошниот терен. Веднаш до автобуската станица се поставени две големи монтажни бини, на кои наизмeнично, без временско совпаѓање, ќе се одвиваат концертите и диџеј сетовите.

Британските дарк-рок пионери „Систерс оф мерси“, реге легендите „Инер сиркл“ и Макс Кавалера со својот бенд „Соулфлај“ се најавени како главните ѕвезди на новата верзија на Д фестивал, кој ќе трае до 6 јули.

На двете бини, Главна и Москито, ќе настапат повеќе од 40 бендови и музичари. Најголемиот дел од програмата го сочинуваат домашните артисти, што ги вклучува „Архангел“, Кирил Џајковски, „Фолтин“, „Љубојна“, „Паркети“, Пијан Славеј, „Мизар“ и Дина Јашари, од соседството доаѓаат „Буч Кесиди“ и „С.А.Р.С.“, а меѓу учесниците е и третопласираниот на годинашната Евровизија, Томи Кеш од Естонија.

Музичката програма почнува во 18 часот со диџеј Мана на бината Москито, додека на Главната бина од 19 часот ќе пее Драган Мијалковски во придружба на Битолски камерен оркестар.

━ повеќе содржини

Нова надеж за милиони луѓе со опаѓање на косата! Дали конечно го имаме еликсирот против ќелавост?

Дали конечно е откриен лесен начин за борба против ќелавоста? Повеќе од 80% од мажите и речиси половина од жените се соочуваат со значително...

МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ПРОТИВ МОЌНАТА ДАНСКА, ЛАЗАРОВ БЕЗ СТРАВ: „НЕМА ШТО ДА ИЗГУБИМЕ ВО ОВОЈ НАТПРЕВАР, ЌЕ СЕ ОБИДЕМЕ ДА УЖИВАМЕ ВО НЕГО!“

Македонската ракометна репрезентација вечерва ја отвора својата приказна на Европското првенство со најтешкиот можен предизвик – дуел против Данска, репрезентација која со години владее...

ОДЗЕМЕНА ФИКТИВНА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ПАРИ, ОРУЖЈЕ, ЛАЖНИ ПЕЧАТИ: Уапсени се 20 лица за даночно затајување и измама од 5 МИЛИОНИ ЕВРА

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до доцните вечерни часови вршеа...

ChatGPT Translate vs. Google Translate

OpenAI тивко, без официјална најава, ја пушти во употреба новата алатка ChatGPT Translate – посебно веб-решение за директен превод меѓу различни јазици, базирано на истите вештачко-интелигентни...

Аеродром, Гази Баба, Куманово и Штип меѓу градовите чии училишта добија грантови од МОН за заштита на учениците

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека вкупно 18 основни и седум средни училишта низ државата добиле грантови за спроведување програми за заштита...
spot_img