Според податоците на Центарот за јавно здравје – Штип, неделава што помина регистрирани се нови 42 заболени од грип. Тоа е за 27% повеќе од претходната недела. Докторите апелираат на максимална грижа на греѓаните за своето здравје, избегнување на затворени простории со многу луѓе и консумација на храна полна со витамини и минерали. Веднаш при првите симптоми, да се јават на преглед кај своите матични лекари.







