Познатиот ТВ водител Миро Кацаров е нов директор на Универзална Сала во Скопје. Ова го покажуваат последните промени извршени во Централниот регистар на Република Северна Македонија.
Миро кој е познато лице на нашите ТВ екрани, кој кон крајот на 2019-та година беше вработен во Универзална Сала, а сега, откако беше најавено дека започнува реконструкцијата на објектот кој со децении наназад е симбол на културните збиднувања од Скопје, очигледно добил нова функција и унапредување.
Почетокот на изградбата на објектот беше назначен кон крајот на април годинава, а се очекува тој да биде финализиран до крајот на 2027 година и ќе биде дел и од програмските подготовки поврзани со Европската престолнина на културата 2028.
Според податоците објавени во Централниот Регистар на Република Северна Македонија, од 13-ти мај годинава Кацаров ќе биде вршител на должноста директор во јавната установа, а е назначен од сегашниот Градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Кацаров доаѓа на местото на Горјан Христовски, кој претходно ја извршуваше функцијата директор.







