Универзитетскиот професор и ликовен уметник од Штип, Никола Смилков, утре на 28.ноември во 17 часот ќе ја отвори својата самостојна изложба во престижната галерија Виктор (Victor Gallery) во Њујорк.
Познатиот македонски скулптор Никола Смилков ќе има своја самостојна изложба во Њујорк, Соединетите Американски држави.
Универзитетскиот професор и ликовен уметник Никола Смилков на 28 ноември во 17 часот ќе ја отвори својата самостојна изложба во престижната галерија Виктор (Victor Gallery) во Њујорк.
-Изложбата е реализирана по покана на директорот на галеријата, Виктор Машихи, кој искажа големо интересирање за моите дела. На изложбата ќе бидат претставени 12 скулптури изработени во мермер и бронза, селекција од двата циклуси на авторот – „Емоции“ и „Емотивни патувања“, вели Смилков.
Тој веќе е во Њујорк и додава дека галеријата Виктор е позната по својата колекција на антиквитети и декоративна уметност од осумнаесеттиот до средината на дваесеттиот век, а паралелно промовира и дела на современи ликовни автори.







