20.8 C
Shtip
spot_img

Чарна Невзати, мис на Македонија: Не знам зошто велат дека мажите се плашат од мене”

Чарна Невзати, 20-годишната студентка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје која во мај ја претставуваше Македонија на Мис на светот во Индија, вели дека денешното модерно додворување почнува на Инстаграм.

„Се случува на машките да им се допаднат моите приказни на Инстаграм, а да не ми пишат да излеземе. Има разни игри. Тој ќе ми ‘лајкне’, па јас, па тој ќе ми пише, па јас ќе чекам 20 минути, и нема да ја отворам пораката. Тоа се одредени начини на додворување, но застапен и оној стариот. Еднаш добив букет цвеќе од момче на кое му се допаѓам, тајно“, рече 20-годишната Чарна Невзати.

Вели дека нејзините машки пријатели ѝ велат дека мажите се плашат од неа, а таа не може да сфати зошто. „Еве, да имам дечко кој е поуспешен, поубав, попаметен, јас нема да избегам од него, туку напротив, би сакала заедно да се развиваме“, вели Чарна.

За генерацискиот јаз кој постои помеѓу повозрасните и помладите за неа мора да има заеднички јазик, и едните да учат од искуството и начинот на живот на другите.

За мајка ѝ, познатата сценска кореографка а и професор на Факултетот за драмски уметности (ФДУ), Кренаре Невзати-Кери вели дека ѝ е сѐ.

„Многу сум богата што имам таква мајка. Таа за мене е мајка, татко, сестра, најдобра другарка, советник, психолог, фотограф. Растењето ми беше преубаво. Ми помага околу сликите на Инстаграм, а ѝ барам и одобрување околу објавата на фотографии“, рече Чарна Невзати.

Со Чарна зборувавме и за генерацискиот јаз помеѓу денешните млади и повозрасните и за тоа што за младите денес е „кринџ“ (срамота) а што е „кул“.

„Во нашата генерација е многу застапен тој збор. Сѐ е кринџ. И постарите генерации се кринџ, и ние самите меѓу себе сме кринџ. Но, ако некој за нештата кажува дека се кринџ, со тоа ја одразува сопствената несигурност и плашење од излегување од комфорната зона. Кринџ е да кренеш рака и да дадеш погрешен одговор, кринџ е и да си бубалица, кринџ е на улица да се сликаш, кринџ е да облекуваш поразлично од другите“, вели Чарна Невзати.

Вели дека како и од мајка ѝ додека била помлада, денес и од неа се плашат мажите.

„Се обидов да се ставам во нивна кожа. И тоа мене ми е кринџ“, вели Невзати.

За неа менталното здравје е многу важно, исто колку и физичкото, а за нејзината генерација вели дека не се грижи доволно за менталното здравје.

Целиот поткаст со Невзати, може да го погледнете овде:

━ повеќе содржини

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...

Шампионот Штип УГД официјално „ги запали моторите” и комплетен ќе работи под полна пареа!

Актуелниот одбојкарски шампион на Македонија, Штип УГД денеска се до-комплетираше со репрезентативците кои беа дел од селекцијата на Македонија на ЕП во Бугарија и...

Тркалезна маса на тема „Криза на детството: Загубениот дух на детството и смислата на играта“

Тркалезна маса и промоција на книгата „Криза на детството: Загубениот дух на детството и смислата на играта“ од проф. д-р Кирил Барбареев ќе се...

Младите македонски информатичари се закитија со медали на Балканската олимпијада во Тирана, штипјанецот Давков бронзен!

Македонскиот тим освои сребрен и бронзен медал на 33-тата Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2026) во Тирана. Владимир Грчев од Кочани се закити со...
spot_img