17.2 C
Shtip
spot_img

ФК Брегалница викендов во Гевгелија го отвора пролетниот дел од сезоната

Штипската гордост, екипата на ФК Брегалница во сабота (21.02.2026) го отвора вториот дел од фудбалската 2025/2026 сезона. Штипските сини во првото коло од пролетната полусезона гостуваат на екипата на Кожуф во Гевгелија.

Есенскиот дел, Брегалница го заврши на третото место, веднаш зад екипите на Охрид Лихнидос и Шкендија Арачиново. Во паузата, екипата се засили со Бојан Рајков (Силекс), Јорданчо Наумоски (Пелистер), Костадин Капсаров (Беласица), Аљбан Мемеди (Кожуф) и Никола Талески (Слога Виница).

Натпреварот ќе се одигра на градскиот стадион во Гевгелија со почеток од 14:00 часот. Штипската чета на тренерот Влатко Костов ќе атакува на победа, со цел исполнување на крајната цел, а тоа е пласман во прва лига на крајот од сезоната.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница е во пол-позиција за пласман во прва лига!

Штипските сини уше еднаш ја потврдија одличната форма во овој дел од првенството со уште една важна победа против директен конкурент за влез во...

Утре е Благовец: Празник на добрата вест и почетокот на пролетта

Македонските православни верници утре го одбележуваат Светото Благовештение, празник кој во народот е познат како Благовец или Блошчојне. Овој голем христијански празник секогаш паѓа...

Шокантно: 43кг хашиш испливале на грчка плажа!

Морето исфрли речиси 43 килограми хашиш на Родос, во момент кога грчките власти веќе биле на терен по добиена дојава. На плажата Плимири, во...

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

За секое јајце да остане цело, мазно и совршено, ви носиме детални, проверени совети кои ќе сакате да ги земете предвид секојпат кога ќе...

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Артемис II беше лансиран во средата, 1 април. Тимот Артемис, составен од Рид Вајзмен, Виктор Гловер, Кристина Ко и Џереми Хансен, се наоѓа на...
spot_img