14.3 C
Shtip
spot_img

УЈП со повик до граѓаните да бараат фискални од такси услугите

Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните да пријават ако таксисти не им издаваат фискални сметки. Сознанија за неправилности поврзани со авто-такси превозот или неиздавање фискални сметки во која било дејност, може да се пријави на бесплатната телефонска линија 198 или на info@ujp.gov.mk.

Од УЈП велат секој такси превозник е должен да издаде фискална сметка и најавуваат засилени контроли.

„Контролите ќе се спроведуваат во соработка со други надлежни институции низ целата држава, особено во туристичките региони, каде што во летниот период е зголемена фреквенцијата на патници и активноста на авто-такси превозниците“, велат од УЈП.

Даночните обврзници кои вршат авто-такси превоз се должни да користат мобилни фискални апарати со интегриран ГПРС уред, да го регистрираат остварениот промет во фискалниот апарат, да издаваат фискална сметка за секоја услуга во готовински промет, да го евидентираат прометот во книгата на дневни финансиски извештаи за секоја фискална каса поединечно.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img