9.8 C
Shtip
spot_img

Управителите или заедниците на станари се одговорни за одржувањето на хидрантите и на противпожарните апарати

Најголеми виновници за тоа што нема хидрантска мрежа – хидранти и противпожарни апарати – во зградите се самите станари, тврди Живко Ставрески, помошник генерален инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување. Тој наведува дека често пати се крадат хидрантите, хидрантските црева и противпожарните апарати. Дополнителен проблем, нагласува тој, е тоа што во одредени згради, за да не се крадат, се заклучуваат во подрумите и сите станари немаат клуч доколку се јави итна потреба од нив.

– Дирекцијата за заштита и спасување, во принцип, постапува по пријави и претставки. Станарите, преку своите управители или заедници на станари како правни лица, ја имаат обврската за нивно редовно сервисирање и одржување. Тоа значи дека одговорноста е на управителот и на заедницата на станари. Проблем е кај зградите каде што нема никакво правно лице, односно ниту управител ниту заедница на станари. Тогаш нема кому да му изречеме мерки – објаснува Ставрески.

Додава дека ако се наложат мерки, управителот треба да ги спроведе.

– Тоа чини многу, па така станарите не сакаат да платат. Има и примери кога станарите бараат нешто, а управителот не одговара на нивното барање – истакна Ставрески.  

Тој додава дека, генерално, се почитува од инвеститорите она што е предвидено во елаборатот за заштита од пожари, експлозии и опасни материи.

– Инвеститорот го поднесува елаборатот во Дирекцијата за заштита и спасување, која потоа, по извршениот увид на самото место, треба да издаде согласност зависно од тоа дали е или не е почитуван елаборатот – објаснува Ставрески.

Што се однесува на тоа кој е должен да ги обучи станарите да знаат да ракуваат со хидрантите и со противпожарните апарати, Ставрески вели дека Дирекцијата за заштита и спасување спроведува обуки, пред сè, за правните лица, фирмите, а доколку се заинтересирани станари да научат да ракуваат, тогаш постојат правни лица што ги сервисираат противпожарните апарати и вршат обука.

Инаку, според Законот за заштита и спасување, инвеститорот е должен да изготви во проектната документација за изградба на објекти, како и за објекти на кои се врши реконструкција – пренамена, посебен елаборат за заштита од пожари, експлозии и од опасни материи. Дирекцијата, односно нејзините подрачни организациски единици, е должна во рок од пет дена од денот на приемот на писменото барање за увид во проектната документација од органот што ја спроведува постапката за издавање одобрение за градење, да изврши увид и да даде согласност за застапеноста на мерките за заштита од пожари, експлозии и од опасни материи или да даде забелешки за записникот доколку не се исполнети условите за согласност. Ова важи за сите објекти, освен за станбените објекти со висина на венецот до 10 метри и за јавните објекти со капацитет за истовремен престој до 25 лица.

Пропишаната казна за непочитување на одредбите од Законот за заштита и спасување се во висина од 1.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за правното лице и „30 %“ од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече за прекршоците и на одговорното лице во правното лице.

━ повеќе содржини

„Виз Ер“: Летовите до и од Саудиска Арабија, Израел, Дубаи, Абу Даби и Аман се суспендирани до 7 март

„Виз Ер“ во својот официјален став потврдува дека поради тековната безбедносна ситуација во регионот, летовите до и од Саудиска Арабија се суспендирани до 7...

Јелена Томашевиќ се сруши на бина, итно пренесена во болница

Јелена Томашевиќ го прекина концертот во Бар по една испеана песна, откако ѝ се слоши на бината пред преполната сала. Таа и нејзиниот сопруг...

Војдан Стојановски испишува нова страница во историјата на македонската кошарка

Настапот против Луксембург, беше 89-ти за Војдан Стојановски во дресот на македонската репрезентација, со што тој се изедначи на првото место на вечната листа...

Цените на нафтата би можеле да „експлодираат“ после нападите врз Иран

Цените на нафтата нагло пораснаа утрово, додека берзите паднаа во раното тргување, по почетокот на нападите на САД и Израел врз Иран во текот на викендот. Цената...

Забраната на мобилни телефони ги оживеа училишните дворови

Училишните дворови во германскиот Солинген повторно се исполнети со детска игра и разговори, откако во целиот град беше воведена забрана за користење социјални мрежиза учениците...
spot_img