15.4 C
Shtip
spot_img

УГД Штип одржа настан за употребата на вештачката интелигенција, гости од повеќе земји

УГД Штип денеска беше домаќин на работилница за креирање на тимови за знаење, на која учествуваа претставници од осум европски држави. Во наредните три дена ќе се работи на проекти за примена на вештачката интелигенција со цел подобро општество за сите.

„Сите овие активности би требало да резултираат со многу нови детални проекти кои ќе бидат аплициран во рамки на европските програми. Имаме гости од осум држави и се надевам дека ваквите настани ќе придонесат за зголемување на научната активност, но и на универзитетите во нашето општество.“ – вели Мираковски.

Вештачката интелигенција и нејзината употреба во денешно време е една доста важна и актуелна тема, а целта е да се воспостави системски пристап во употребата на вештачката интелигенција, вели министерот за дигитална трансформација. Додава дека преку вакви настани, кои се од големо значење, би се аплицирале проекти кои понатаму ќе покажат како ќе функционираат во пракса.

„Најновите теми кои се појавуваат во Европа може да се имплементираат. Важно е да се отвораат теми како вештачката интелигенција и употребата. Ние имаме системски пристап, тоа е подготовка на стратешки документи кои значат правилна употреба на вештачката интелигенција во јавниот сектор, и вториот аспект – изградбата на инфраструктура што го правиме преку поддршката на големиот проект со ЕУ за таканаречена Фабрика за вештачка интелигенција во Македонија што ќе значи систематска употреба на вештачката интелигенција и во јавниот и во приватниот сектор“ – вели Андоновски.

Целта на настанот е да се извлечат позитивните практики и начинот на употреба на вештачката интелигенција во општеството, истакна градоначалникот Иван Јорданов, додавајќи дека значајно за Штип е да има промени и тоа во врска со теми кои се доста актуелни.

„Значајно е тоа што Штип е град кој во минатото бил предвесник на многу промени. Потребата од промени имплементирајќи ја вештачката интелигенција во нашето општество е евидентно дека имаме потреба за отворање нови можности. Овој настан е во врска со тоа како да ни користи вештачката интелигенција во реалниот сектор, во институциите и да најде своја примена“ – вели Јорданов.

Во претходниот период се работеше на шест проекти во кои учествуваше и УГД Штип, а тенденција е бројот на проекти на кои ќе се аплицира во иднина да биде поголем.

УГД Штип стана дел од европската алијанса на универзитети, со што на студентите им се овозможува европски призната диплома и подобро образование.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница е во пол-позиција за пласман во прва лига!

Штипските сини уше еднаш ја потврдија одличната форма во овој дел од првенството со уште една важна победа против директен конкурент за влез во...

Утре е Благовец: Празник на добрата вест и почетокот на пролетта

Македонските православни верници утре го одбележуваат Светото Благовештение, празник кој во народот е познат како Благовец или Блошчојне. Овој голем христијански празник секогаш паѓа...

Шокантно: 43кг хашиш испливале на грчка плажа!

Морето исфрли речиси 43 килограми хашиш на Родос, во момент кога грчките власти веќе биле на терен по добиена дојава. На плажата Плимири, во...

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

За секое јајце да остане цело, мазно и совршено, ви носиме детални, проверени совети кои ќе сакате да ги земете предвид секојпат кога ќе...

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Артемис II беше лансиран во средата, 1 април. Тимот Артемис, составен од Рид Вајзмен, Виктор Гловер, Кристина Ко и Џереми Хансен, се наоѓа на...
spot_img