20.5 C
Shtip
spot_img

“Убиствата во соседството” – Нова опасна секта ја демне Бугарија

Бугарските власти истражуваат серија тешки злосторства по откривањето на вкупно шест тела во рок од седум дена, во случај кој, според полицијата, може да биде поврзан со затворена заедница со елементи на култ и педофилија.

Последните три тела – двајца мажи и едно 15-годишно момче – биле пронајдени во кампер во близина на планината Околчица, на околу 80 километри од планинско засолниште каде претходно беа откриени уште три жртви. Директорот на бугарската национална полиција, Захари Васков, изјави дека сите тројца биле осомничени во претходното тројно убиство.

„Се соочуваме со злосторство без преседан, барем за Бугарија“, изјави Васков, додавајќи дека истрелите најверојатно биле испукани во самиот кампер.

Возилото во кое се пронајдени телата е регистрирано на невладина организација која организира младински кампови. Според Државната агенција за национална безбедност, против истата организација пред две години била поднесена пријава за сексуална злоупотреба на деца и постоење паравоени структури.

Софиското регионално обвинителство информираше дека планинското засолниште каде се случиле првите убиства било запалено, а жртвите имале прострелни рани. Тие биле идентификувани како членови на истата невладина организација.

Вршителот на должноста главен обвинител, Борислав Сарафов, изјави дека активностите на организацијата „не биле во интерес на општеството и на децата“.

Истрагата е во тек, а полицијата наведува дека се разгледуваат сите можни хипотези, вклучително и постоење на затворена заедница со карактеристики на култ.

━ повеќе содржини

Во недела во Штип – OldTimer Car Show!

Во недела со почеток од 11:00 часот Штип повторно ќе биде домаќин на една несекојдневна изложба која ќе ги обедини љубителите на автомобилската историја,...

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...
spot_img