11.9 C
Shtip
spot_img

„Тромбоните не молчат“ – голем хуманитарен концерт за Филип Стевановски во Штип

Макбрас Асоцијација и Скопскиот Брас Фестивал со особена чест го најавуваат меморијалниот концерт посветен на младиот тромбонист и мултиинструменталист Филип Стевановски, кој трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Концертот ќе се одржи во сабота, на 18 октомври 2025 година, во просториите на Народниот театар во Штип.

На сцената ќе настапат тромбонскиот квартет „Макбрас“, како и големиот ансамбл со исто име, составен од 12 еминентни тромбонисти. Меѓу нив се истакнуваат имињата на двајца професори кои одиграа клучна улога во музичкото формирање на Филип — професорот Кирил Рибарски, под чија менторска палка Филип дипломираше на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“, и професорот Ташко Тодоров, негов ментор од средното музичко образование.

Покрај нив, дел од ансамблот ќе бидат и: Владан Дробицки, Бранко Илиевски, Филип Богоевски, Никола Ристевски, Виктор Богоевски, Никола Стојановски, Алек Ѓорѓиев, Лука Костовски (тромбони), како и Александар Ниниќ и Виктор Грижев (туби).

Овој концерт има за цел да прерасне во традиционален настан во чест на ликот и делото на Филип Стевановски, музичар со исклучителен талент, кој подеднакво маестрално свиреше и на тромбонот и на пијаното. Неговото музичко наследство опфаќа бројни аудио и видео записи со авторски композиции и изведби, а неговото влијание се чувствува и преку културните иницијативи што ги покрена во Штип и Куманово, меѓу кои и „Куманово Џез Фестивал“, детскиот фестивал „Весело Штурче“, како и напорите за возобновување на диксиленд оркестар и биг бенд состав во Штип.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img