16.3 C
Shtip
spot_img

Трет уписен рок на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Третиот уписен период на факултетите и академиите при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип, започна и ќе трае до 18 септември. Ова претставува последна прилика за сите оние кои не се регистрираа во текот на претходните два круга на уписи.

Претседателот на уписната комисија на УГД-Штип, Мишко Џидров, изјави дека досега најголемо внимание предизвикал Факултетот за медицински науки. На останатите факултети, конкуренцијата е помала, а сè уште има достапни места. Студентите имаат краен рок до утре да ја завршат постапката, пред да започне новата академска година.

“Денес и утре, 17 и 18 септември ги очекуваме студентите да се пријават прво во нашиот систем по третиот уписен рок, а понатаму следува процесот ние ги верификуваме нивните оценки, ќе ги ренгираме, ќе можат да се видат во нашиот систем и понатаму следува процесот на нивно запишување на 25 и 26 септември.”

“Со тоа завршува третиот уписен рок, но секако ги повикувам оние студенти, коишто еве би рекол дека и од првиот уписен рок, па и од вториот не ги завршиле своите активности, односно не се запишани да го направат тоа, затоа што се уште имаат време да го направат тоа, до првиот академски час до 1 октомври. Има доволно слободни места, конкурсот е од вчера објавен, третата верзија на истиот конкурс во кој што има доволно слободни места”, рече Џидров.

Во овој, трет уписен рок, ослободување од надоместоци ќе имаат само студентите на Филолошкиот факултет и кандидатите кои се запишуваат на Катедрата за македонски јазик.

Тој додаде дека во текот на октомври ќе има поддршка и за студентите од ранливи категории.

“Во тек на месец октомври ќе има поволност за сите оние студенти кои што имаат некој фамилијарни ситуациии со еден родител, починат родител, студенти со ранливи категории”, појасни Џидров.

Исто така, оваа година УГД очекува повторно студенти од странство, а во моментов најголем интерес има од Турција. За нив се планира да има повеќе студиски програми на англиски јазик.

━ повеќе содржини

Штипјанката Билјана Донева го освои Grossglockner – искачи 3.798 метри на највисокиот врв во Австрија

Штипјанката Билјана Донева запиша уште едно значајно планинарско достигнување, успешно искачувајќи го Grossglockner, највисокиот врв во Австрија, висок импресивни 3.798 метри.Донева до врвот стигна...

Света Петка ѝ се јавила во сон – приказната за светата вода кај штипското село Аргулица

Во близина на штипското село Аргулица, во атарот на Општина Карбинци, стои светото место посветено на Света Петка Параскева. Манастирската црква „Св. Петка“ и...

Штипјанец ја прави најдобрата ракија во светот: Ракијата „Бараба“ е прогласена за најдобра во светот на меѓународен натпревар во Лондон!

Ракијата Бараба е прогласена за најдобрата ракија во светот на меѓународен натпревар во Лондон, а технологот кој ја произведува е Александар Рунчев од Штип. IWSC...

Полицијата во Штип приведе 29-годишна жена со марихуана

На 05.09.2026 во 22:45 часот на ул. „Тодор Чучков“ во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР...

Лигата на шампионите доаѓа во Штип!

Одбојкарскиот клуб Штип УГД, кој за прв пат лани ја освои двојната круна во првенството и купот, годинава премиерно ќе настапува во одбојкарската Лига...
spot_img