7.9 C
Shtip
spot_img

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции за рекламирање и засилени механизми за контрола.

Коцкањето влегува во нова фаза на строга регулација. Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции за рекламирање и засилени механизми за контрола.

Собранието во четвртокот (11 јуни) со 59 гласа „за“ и девет „против“ го поддржа Предлог-законот за игрите на среќа и забавните игри, со кој се предвидуваат построги правила за работењето на приредувачите на игри на среќа и засилени мерки за заштита на граѓаните. Целта е поголема заштита на граѓаните, особено на младите, во услови кога истражувањата предупредуваат на сè поголемо присуство на коцкање кај учениците. 

Забрани за коцкање во близина на училишта

Со предложените измени се предвидува сите објекти во кои се приредуваат игри на среќа, како казина, автомат-клубови и електронски игри на среќа, да бидат оддалечени најмалку 500 метри од училиштата.

Во обложувачниците што се наоѓаат во близина на училиштата нема да биде дозволено поставување електронски видеолотариски терминали и друга опрема за електронски игри на среќа.

Законот воведува забрана за рекламирање на излозите на објектите во кои се приредуваат игри на среќа, како и забрана за реклами со кои коцкањето се претставува како начин за постигнување личен успех или финансиска добивка. Во него се забранува рекламирање надвор од деловните простории доколку тоа има цел да ги поттикне граѓаните да учествуваат во игри на среќа. Дополнително, се забранува рекламирање преку познати личности и содржини насочени кон малолетници.

Контрола, лиценци и финансиски обврски

Една од новините е и обврската секој апарат за игри на среќа да биде опремен со систем за геолокација (ГПС), што ќе овозможи тековна контрола од страна на Управата за јавни приходи.

Со законското решение се предвидува и лиценците да не можат да се мултиплицираат, како и воведување нови финансиски давачки за отворање уплатно-исплатни места.

Дополнително, се зголемуваат износите на банкарските гаранции што треба да ги обезбедат приредувачите на игри на среќа, а се имплементираат и препораките на MONEYVAL при Советот на Европа, со цел зајакнување на механизмите за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Борба против нелегално онлајн коцкање

Паралелно, институциите веќе преземаат конкретни мерки против нелегалното онлајн коцкање.Досега се затворени 358 нелегални странски онлајн платформи кои незаконски приредувале игри на среќа на територијата на државата.

Станува збор за платформи кои функционирале без лиценца, без контрола и без никаква заштита за граѓаните.

И покрај постојаните обиди на нелегалните приредувачи да отвораат нови канали и интернет-страници, институциите најавија засилени контроли и соодветни законски мерки.

Реакции од асоцијации

На носењето на законот му претходеа низа реакции од асоцијациите на приредувачите на игри на среќа во автомат-клубови, казина и спортски обложувалници, АПИС и АСОМ. Тие реагираа дека законот ќе влијае на економски сектор со повеќе од 10 илјади вработени, кој носи повеќе од 350 милиони евра буџетски приливи на годишно ниво.

Тие сметаа дека закон со толку сериозни последици, особено што содржи уставно спорни одредби и решенија, е недозволиво да се носи набрзина. Нивните аргументи беа дека легалните објекти не се закана за младината, туку затворањето на овој сектор може да ги направи младите лесен таргет на незаконски играчници. 

Но, истражувањата покажуваат загрижувачки трендови кај младите. Анализа на Институтот за јавно здравје, објавена во декември 2025 година, покажа дека 25% од учениците се коцкале во последните 12 месеци. Онлајн коцкањето е застапено кај 15% од учениците, со значителна разлика меѓу момчињата (21%) и девојчињата (9%).

━ повеќе содржини

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...

Авио-спектакл во Штип!

Небото над Штип повторно ќе биде место на авијациска возбуда, пилотска прецизност и прекрасно дружење! Во организација на RIMIN AIR, на Спортскиот аеродром Штип...
spot_img