18.8 C
Shtip
spot_img

Сопругата на Гоце Арнаудов низ солзи ја прими наградата на Валандово

На фолк фест „Валандово“ постхумно беше доделена награда за животно дело на Гоце Арнаудов, кој остави неозбришливи траги не само на овој фестивал, туку и во современата македонска фолк музика.

Наградата ја прими неговата сопруга Силвана Арнаудова, чие срце не издржа, на сцена ја совладаа емоции и се расплака.

Публиката, пак, во негова чест стана и со долг аплауз му оддаде почит.

-Благодарам на фестивалот за наградата и што не го заборави Гоце. Колку години и да поминат болката не се лекува. Јас велам нема веке да плачам ама емоциите совладуваат. Па во песните што ги пуштаат јас него го гледам. Не е лесно. Знам треба да бидеш прибран ама тешко е. Луѓето велат времето лечи ама не лечи. Празнината и потребата од него се чувствува. Ама нема што друго, мора да се помириме дека него веќе го нема, вели Силви и додава:

-Мене тешко ми беше уште од дома, кога се подготвував за да дојдам на фестивал. Син ми Оскар имаше пуштено негова песна и јас се навратив на времето кога требаше да се одржи Валандово, а кога Гоце беше жив. Тоа беше празник за целото семејство. Еуфорија. Што да облече, што да земе, па го вежбаше текстот. Беше голема семејна еуфорија, радост во семејството. А сега, јас се спремам сама и ништо не е исто. Како можеш да ги совладаш емоциите. Сега дома атмосферата е друга, вели Силве.

Легендарниот Гоце не успеа да се извбори со тешката болест и почина на 6 декември 2011 фодина. Зад себе остави голем број хитови, од кои дел се веќе евергрини. На фолк фест „Валандово“ е еден од најнаградуваните пејачи.

━ повеќе содржини

“Танцот инспирира и создава пријателства” – Штип по петти пат домаќин на натпревар по модерни танци

Штип по петти пат ќе биде домаќин на интернационалниот натпревар по модерни танци „Dance Cup Štip“, кој ќе се одржи викендов во Домот на...

Off Road Club Штип организира настан во чест на Тони – Папата

Да покажеме дека вистинските луѓе не се забораваат – тие се носат со себе. Драги пријатели и колеги, Ве покануваме да ни се придружите на посебен...

Yugo ќе има 4-цилиндарски мотор и цена под 20.000 евра

По децении отсутност од сцената, легендарниот автомобил „Yugo“ се враќа – и тоа во голем стил. Плановите за новата генерација на овој култен модел...

Фифти Сент „исплашен“ од Диди

Поранешната асистентка и соработничка на Диди – Каприкорн Кларк, инаку и поранешна директорка на неговата компанија „Бед бој ентертејнмент“ (Bad Boy Entertainment), сведочеше на...

НЕМА ДА ИМА РОД! Малинарите предупредуваат за минималната цена која треба да изнесува годинава

Имајќи предвид дека овогодинешниот род на малина во Србија ќе биде многу помал од ланскиот, а понудата е помала и во другите земји кои...
spot_img