22.7 C
Shtip
spot_img

Следната сезона ќе можеме да гледаме евролигашка кошарка на само 200км од Штип?

Поради исклучително неизвесната ситуација во Израел, сè уште не е познато каде Макаби и Хапоел Тел Авив ќе ги играат своите натпревари во кошаркарската Евролигата.

Базата на „Гордоста на Израел“ минатата сезона беше Белград, а веројатно Макаби и во претстојната сезона ќе игра во главниот град на Србија, иако се зборуваше за потенцијално преселување на Кипар, но таму има безбедносен ризик бидејќи северот на медитеранскиот остров е населен со претежно турско муслиманско население.

Порталот „Баскетбол сфер“ објави дека Хапоел најверојатно ќе ги игра своите домашни натпревари во Софија.

Стратешката положба на главниот град на Бугарија им одговара затоа што сакаат да играат и во АБА-лигата и ако не се случи нешто непредвидено, Хапоел во Евролигата ќе игра во софиската „Арена 8888“, позната и како „Армеец арена“.

Доколку прогнозите се остварат, ова би било одлична можност за граѓаните на Штип и Македонија воопшто во живо да следат мечеви од најеминентното кошаркарско европско натпреварување.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img