5.5 C
Shtip
spot_img

Се прослави како чудотворец – Денес го славиме светиот апостол Филип

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 ноември – ден во сеќавање на светиот апостол Филип. 

Роден е во Витсаида крај езерото Галилејско, како Петар и Андреј. Од малечок научен на Светото Писмо, Филип веднаш се одѕва на повикот на Господ Исус и тргна по Него (Јован 1, 43). После слегувањето на Светиот Дух Филип ревносно го проповедаше Евангелието во многу краишта на Азија и Грција. Во Грција Евреите сакаа да го убијат, но со Своите моќни чуда Господ го спаси. Така еврејскиот архиереј којшто се устреми да го бие одеднаш ослепе и сиот поцрне. И имаше силен земјотрес и земјата се отвори и ги проголта злобните гонители на Филип. И многу други чуда се извршија, особено исцеленија на болни, заради што мнозина незнабожци поверуваа во Христа. Во Фригискиот град Јерапол Св. Филип се најде на заедничка работа со Св. Јован Богослов, со својата сестра Маријамна и апостолот Вартоломеј. Таму имаше некоја опасна змија, којашто незнабожците грижливо ја хранеа и ? се поклонуваа како на Бог. Божјите апостоли со молитва ја умртвија оваа змија. Со тоа врз себе го навлекоа гневот на помрачените луѓе. Озлобените незнабожци го фатија Филип и го распнаа на дрво главечки, потоа го распнаа и Вартоломеј. Тогаш земјата се отвори и го проголта судијата и мнозина други со него. Во голем страв луѓето притрчаа да ги симнат апостолите. Но успеаја да го симнат жив само Вартоломеј, Филип веќе беше издивнал. На крстените Вартоломеј им го постави за епископ Стахиј, когошто претходно тој и Филип го исцелија од слепило и го крстија. Стахиј беше слеп четириесет години. Подоцна моштите на Св. Филип се пренесени во Рим. Овој прекрасен апостол пострада во 86 година, во времето на царот Дометијан.

Се прослави и како подвижник и како богослов, и како јерарх и како чудотворец. Му се јавуваа наизменично: Пресвета Богородица, Св. Јован Богослов, Св. Димитриј, Св. Антониј Велики, Св. Јован Златоуст, ангелите Божји. Со солунската Црква управуваше тринаесет години, од кои една година беше во ропство кај Сарацените во Азија. Се упокои мирно во 1360 година. Моштите му почиваат во Солун, во прекрасната црква што му е посветена. 

━ повеќе содржини

„Виз Ер“: Летовите до и од Саудиска Арабија, Израел, Дубаи, Абу Даби и Аман се суспендирани до 7 март

„Виз Ер“ во својот официјален став потврдува дека поради тековната безбедносна ситуација во регионот, летовите до и од Саудиска Арабија се суспендирани до 7...

Јелена Томашевиќ се сруши на бина, итно пренесена во болница

Јелена Томашевиќ го прекина концертот во Бар по една испеана песна, откако ѝ се слоши на бината пред преполната сала. Таа и нејзиниот сопруг...

Војдан Стојановски испишува нова страница во историјата на македонската кошарка

Настапот против Луксембург, беше 89-ти за Војдан Стојановски во дресот на македонската репрезентација, со што тој се изедначи на првото место на вечната листа...

Цените на нафтата би можеле да „експлодираат“ после нападите врз Иран

Цените на нафтата нагло пораснаа утрово, додека берзите паднаа во раното тргување, по почетокот на нападите на САД и Израел врз Иран во текот на викендот. Цената...

Забраната на мобилни телефони ги оживеа училишните дворови

Училишните дворови во германскиот Солинген повторно се исполнети со детска игра и разговори, откако во целиот град беше воведена забрана за користење социјални мрежиза учениците...
spot_img