0.3 C
Shtip
spot_img

СЕ НАМАЛУВА ЦЕНАТА НА ЗЕЛЕНИОТ КАРТОН?

Граѓаните веќе неколку години негодуваат дека плаќаат висок износ за зелениот картон кој сопствениците на возила треба да го имаат ако патуваат во странство со оглед дека дел од неговиот износ е содржан во осигурувањето за автоодговорност.

– Редно е и кај нас овој документ да поевтини или да се укине како што тоа е направено секаде. Јас би предложил и овој документ да се вади и за 3 или 6 месеци, бидејќи дел од граѓаните не одат во странство само на одмор, туку и поради други обврски – вели граѓанин кој го анкетиравме.

Друг пак, не се согласува зелениот картон да биде дел од задолжителното осигурување на возилата.

– Не е добро да се спојат зелениот картон и осигурувањето како што се предлагаше во минатото, бидејќи ќе поскапи осигурувањето, а ќе плаќаат зелен картон и оние кои никогаш не возат надвор од земјата, но намалување на цената на зелениот картон треба да има бидејќи осигурителните компании пресметуваат висока премија, а граѓаните како крајни потрошувачи секогаш плаќаат повеќе – вели тој.

И превозниците се за намалување на цената на зелениот картон.

– Тоа се директни трошоци во работењето на овие компании што пак влијае и на цената на транспортот и потоа на вкупните цени на увезените производи. Ако се знае дека голем број превозни компании поседуваат поголем број на камиони и приколки намалувањето на овој трошок би бил значителна заштеда за нив – вели Билјана Муратовска од „Макам транс“.

Според одделни пресметки цената на зелениот картон би можела да се намали за 15 до 20%, бидејќи дел е веќе платен во задолжителното осигурување од автоодговорност.

━ повеќе содржини

Нова надеж за милиони луѓе со опаѓање на косата! Дали конечно го имаме еликсирот против ќелавост?

Дали конечно е откриен лесен начин за борба против ќелавоста? Повеќе од 80% од мажите и речиси половина од жените се соочуваат со значително...

МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ПРОТИВ МОЌНАТА ДАНСКА, ЛАЗАРОВ БЕЗ СТРАВ: „НЕМА ШТО ДА ИЗГУБИМЕ ВО ОВОЈ НАТПРЕВАР, ЌЕ СЕ ОБИДЕМЕ ДА УЖИВАМЕ ВО НЕГО!“

Македонската ракометна репрезентација вечерва ја отвора својата приказна на Европското првенство со најтешкиот можен предизвик – дуел против Данска, репрезентација која со години владее...

ОДЗЕМЕНА ФИКТИВНА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ПАРИ, ОРУЖЈЕ, ЛАЖНИ ПЕЧАТИ: Уапсени се 20 лица за даночно затајување и измама од 5 МИЛИОНИ ЕВРА

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до доцните вечерни часови вршеа...

ChatGPT Translate vs. Google Translate

OpenAI тивко, без официјална најава, ја пушти во употреба новата алатка ChatGPT Translate – посебно веб-решение за директен превод меѓу различни јазици, базирано на истите вештачко-интелигентни...

Аеродром, Гази Баба, Куманово и Штип меѓу градовите чии училишта добија грантови од МОН за заштита на учениците

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека вкупно 18 основни и седум средни училишта низ државата добиле грантови за спроведување програми за заштита...
spot_img