2.8 C
Shtip
spot_img

Свирепо убиство на 79-годишна жена во Штип – сторителот прво ја избодел жртвата до смрт, па ја закопал во дворот

Седумдесет и деветгодишнатa Б.Н. од Штип свирепо е убиена од страна на 74 годишниот Д.А. исто така од Штип, кој претходно во неговиот дом ја држел без волја, а откако ја убил ја закопал во дворот.

Во писментото соопштение од Министерството за внатрешни работи се вели дека Секторот за внатрешни работи Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднел кривична пријава против Д.А (74) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство” по член 123 и „противправно лишување од слобода” по член 140 од Кривичниот законик. Toj се сомничи дека во домот во кој живее во Штип без нејзина волја ја држел Б.Н.(79) од Штип, а потоа со остар предмет и нанел убодни рани од кои починала, по што телото го закопал во дворот.

Случајот бил пријавен во СВР Штип на 24.10.2025 година , кога 84-годишната Д.О. од Штип известила дека нејзината сестра Б.Н. се оддалечила од домот. По преземените мерки и сомнежите дека жената можеби била држена во домот на осомничениот, на 10.11.2025 година бил извршен претрес со судска наредба. При претресот биле пронајдени и одземени предмети и траги од крв, по што Д.А. бил лишен од слобода и задржан во притвор до 96 часа во Казнено-поправната установа Затвор Куманово.

По изработените вештачења и дополнителни мерки, во повторен разговор со полицијата осомничениот детално го појаснил начинот на кој, според МВР, го извршил делото.

Телото е пронајдено и по наредба на јавен обвинител било дадено на обдукција, а Д.А. бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

━ повеќе содржини

ЛИЖАВЧЕ ШТО СВИРИ СТАНУВА ХИТ ВО САД – Музика има само додека се лиже

Лижавчето ќе се продава по 8,99 долари, а продажбата почнува веднаш по завршувањето на ЦЕС. Организаторите велат дека интересот е огромен – повеќе од...

Денес е Св. Стефан, заштитник на болните, старите и сиромашните, на помош, за многу години!

На третиот ден од празникот Божиќ светата православна црква го празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан. Тој е наречен првомаченик затоа што...

Огромен пожар синоќа ја зафати фабриката на „Комодита“ 

Огромен пожар вчера го зафати објектот на фабриката „Комодита“ (Comodita) во градот Ѓаковица во Косово. Густиот чад и пламените јазици беа видливи од поголемиот дел на...

Исплата на 6,9 милиони евра КРЕДИТНА ПОДДРШКА ЗА КОМПАНИИТЕ

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании. Со исплатата...

ФИНСКА – ЛИДЕР ПО НЕВРАБОТЕНОСТ, КАДЕ СЕ НАОЃА МАКЕДОНИЈА?

Европската карта на невработеност во ноември доби неочекуван пресврт. Земја што со години важеше за пример на стабилен и уреден пазар на труд, Финска,...
spot_img