15.3 C
Shtip
spot_img

Света и Велика Среда – ден за испитување на совеста и искрено покајание

Денешниот ден од Страсната седмица, Светата и Велика Среда, пред нас поставува две патеки на човечкото срце, едната која води кон вечното светло преку солзите на покајанието и другата која тоне во вечната темнина преку горчината на предавството. Да бидеме мирото што ги лекува раните, а не сребрениците што го предаваат животот, пишува „Бигорски“.

Покајаната грешница – Првата Мироносица

Во центарот на денешниот спомен е жената која во очите на светот беше изгубена грешница, но во очите на Христа стана пример за сите нас. Таа не штедеше, го скрши скапоценото шишенце со миро и ги изми нозете на Спасителот, натопувајќи ги со своите солзи.

Таа препозна во Него не само човек, туку Божество. Таа сфати дека нејзиниот грев е рана која само Изворот на Животот може да ја исцели. Со својот чин, таа стана првата мироносица, покажувајќи ни дека нема грев што не може да биде измиен со искрено покајание и дека љубовта кон Бога е поскапоцена од секое материјално богатство.

Трагедијата на Јуда – Заслепеноста од среброљубието

Наспроти неа стои Јуда. Човекот кој беше избран за Апостол, кој ги гледаше чудата и ја слушаше Живата реч, но дозволи страста за пари да му го помрачи умот. Неговата трагедија не е само во самото предавство, туку во неговата неспособност да побара прошка.

Додека жената го излеваше скапоценото миро врз Исус, Јуда ја пресметуваше цената на Непроценливиот. Тој го замени Небесното за земно, вечното за пропадливо, и за триесет сребреници ја продаде својата душа. Тоа е потсетник за сите нас: колку е лесно да се изгуби патот ако срцето ни се прилепи за минливите нешта.

Повикот на денешниот ден

Како што нè поучува игуменот на Бигорската обител, Епископот г. Партениј, сите ние сме ранливи и способни за пад. Гревот ги заслепува очите на нашата душа, нè прави да мислиме високо за себе додека тонеме во страсти. Затоа, денешниот ден е повик за, искрено смирение, да ја видиме реалноста на својата духовна состојба без маски, да побараме прошка од Бога, но и едни од други, за да можеме со чисто срце да пристапиме кон Тајната Вечера, и нашето миро денес се нашите добри дела кон ближните.

Да не бидеме како фарисеите кои се мислеа за праведни додека хулеа на Светлината, туку да бидеме како онаа жена која во смирението најде спас. Да ги принесеме нашите срца како скапоцено миро, барајќи од Господ вистинско здравје на душата и телото.

━ повеќе содржини

Претрес во Штип, пронајдена марихуана: Уапсен 23-годишен Турчин

Вчера во 14:50 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода...

Царина заплени авокадо, јагоди и киви вредни 1,4 милиони денари

Царински службеници на граничниот премин Богородица спречиле обид за криумчарење на 12,5 тони овошје и зеленчук со вкупна вредност од околу 1,4 милиони денари,...

Денес е Меѓународен ден на Ромите – празник на гордата култура и тешката борба за еднаквост

Ромите се најголемата малцинска заедница во Европа – со 6 милиони што живеат во ЕУ и 4 милиони во регионот на проширување (Црна Гора,...

Грција воведува забрана за социјални медиуми за деца под 15 години

Грција планира да им забрани на децата под 15 години пристап до социјалните медиуми, а се очекува премиерот Киријакос Мицотакис да ја објави одлуката...

HerFit Progress во Штип работи под полна пареа

Првата женска теретана кај нас работи под полна пареа. Многу млади, но и повозрасни девојки од Штип активно вежбаат и се спремаат за лето.
spot_img