21.3 C
Shtip
spot_img

САД вложуваат 500 милиони долари во универзални вакцини

Соединетите Американски Држави вложуваат 500 милиони американски долари во иницијатива за вакцини, со цел да се создадат “универзални” вакцини кои обезбедуваат заштита од мноштво вирусни варијанти истовремено, пренесе “Волстрит џурнал”.

Планот предвидува создавање на вакцини од хемиски деактивирани цели вируси, што е слично на начинот на кој се развиваа вакцините против инфлуенца пред неколку децении, објави весникот.

Овој чекор е дел од она што Министерството за здравство и социјални служби (HHS) го означува како “Генерациски златен стандард”.

Проектот исто така опфаќа истражување за втора универзална вакцина против инфлуенца и универзални вакцини против коронавирус. Американскиот секретар за здравство и социјални служби, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, ќе инсистира сите нови вакцини да бидат тестирани со плацебо, објави “Вашингтон пост”.

━ повеќе содржини

Викендов започнува зимското сметање на времето

Во недела, 26 октомври, во 03:00 часот завршува летното, а почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад,...

Јубилејно 40-то издание на Макфест!

Од 23 до 25 октомври 2025 година во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип ќе се одржи јубилејното 40-то издание на фестивалот „Макфест“...

Во сабота во Штип ќе се вози шампионски круг во чест на титулата на Петар Мијалков

Датум: 25.10.2025 (сабота) Време: Собирање во 11:00 часот Локација: Кај новата пошта – Градски стадион Ги покануваме сите љубители на моторите да ни се придружат на шампионскиот...

Денес започнува втората кошаркарска лига – штипските Соколи со големи амбиции

Денес (среда) започнува новата сезона во втората кошаркарска лига во која се натпреварува штипската екипа КК Соколи 1933. Во Штип, во СЦ Јордан Мијалков,...

Започнаа активностите во викенд-населбата Плуждино

Започнаа активностите на подземната инфраструктура во викенд населбата Плуждино. Околу 150 викенд куќи ќе бидат поврзани на водоводната линија, со што ќе се реши...
spot_img