6.6 C
Shtip
spot_img

РЕКОРДНИ 22,2 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАУКАТА ВО 2026 ГОДИНА Ќе се трошат за научни проекти, конференции, стипендии, објавување трудови…

Науката е столб на општествениот развој и затоа во 2026 година буџетот за наука ќе изнесува 1,37 милијарда денари (22,2 милиони евра) со кои продолжува финансирањето на научно-истражувачки проекти. Секој влог во науката се исплати и не треба да се штеди на пари и труд во овој сегмент, соопшти МОН.

Министерството за образование и наука го честита Светскиот ден на науката за мир и развој и соопшти дека за следната 2026 година е предвидено рекордно зголемување на буџетот за научно-истражувачка дејност, кој изнесува 22 милони евра.

„Науката во Македонија се актуелизира не само како тема за дискусија, туку и како поле на делување. Ова го потврдува и последниот извештај на Европската комисија за напредокот на државата во областа на науката, а претставува резултат на ефективни национални политики и на значително зголемениот буџет за поддршка на научно-истражувачката дејност. Од 380 милиони денари (6 милиони евра) во 2024 година, на 680 милиони денари (11 милиони ева) во 2025 година, а за следната 2026 предвиден е рекорден буџет од 1,37 милијарда денари за наука (22,2 милиони евра)“, соопшти МОН.

Министерството, се додава во соопштението, оваа календарска година преку 3 повици за распределба на средства ја стимулираше реализацијата на научно-истражувачки проекти на јавните универзитети, факултетите и научните установи, на МАНУ и на бизнис-заедницата, кои се во корелација со целите од Стратегијата за паметна специјализација на Македонија. Проектите успешно се реализираат.

„Науката е столб на општествениот развој и затоа во 2026 година буџетот за наука ќе изнесува 1,37 милијарда денари со кои продолжува финансирањето на научно-истражувачки проекти, за развој на лабораториските ресурси, за учество на меѓународни научни конференции и за организирање на домашни, објавување на научни трудови во списанија со импакт фактор, доделување стипендии за млади научници, стипендии за втор и трет циклус на студии во државата, како и за организирање на научни и студиски престои во странство“, соопшти Министерството за образование.

Посебно радува зголемениот интерес кај младите да се занимаваат со наука и иновации, се додава, што се огледува преку искористување на мерките кои МОН ги става на располагање.

„Заедно со другите надлежни владини институции продолжуваме да ги поддржуваме младите во реализација на личните амбиции. Развојните политики добиваат континуитет, затоа што секој влог во науката се исплати и не треба да се штеди на пари и труд во овој сегмент. Честит 10 Ноември, Светски ден на науката“, се вели во соопштението од Министерството за образование и наука.

━ повеќе содржини

„Виз Ер“: Летовите до и од Саудиска Арабија, Израел, Дубаи, Абу Даби и Аман се суспендирани до 7 март

„Виз Ер“ во својот официјален став потврдува дека поради тековната безбедносна ситуација во регионот, летовите до и од Саудиска Арабија се суспендирани до 7...

Јелена Томашевиќ се сруши на бина, итно пренесена во болница

Јелена Томашевиќ го прекина концертот во Бар по една испеана песна, откако ѝ се слоши на бината пред преполната сала. Таа и нејзиниот сопруг...

Војдан Стојановски испишува нова страница во историјата на македонската кошарка

Настапот против Луксембург, беше 89-ти за Војдан Стојановски во дресот на македонската репрезентација, со што тој се изедначи на првото место на вечната листа...

Цените на нафтата би можеле да „експлодираат“ после нападите врз Иран

Цените на нафтата нагло пораснаа утрово, додека берзите паднаа во раното тргување, по почетокот на нападите на САД и Израел врз Иран во текот на викендот. Цената...

Забраната на мобилни телефони ги оживеа училишните дворови

Училишните дворови во германскиот Солинген повторно се исполнети со детска игра и разговори, откако во целиот град беше воведена забрана за користење социјални мрежиза учениците...
spot_img