18.7 C
Shtip
spot_img

„Приказната за Силјан“ освои награди за најдобар документарен филм и за најдобра камера на престижните IDA Documentary Awards во Лос Анџелес

Македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска продолжува да бележи голем меѓународен успех.

Филмот триумфираше на престижните IDA Documentary Awards во Лос Анџелес, освојувајќи ја наградата за најдобар документарен филм и наградата за најдобра камера, споделија од Министерството за култура и туризам.

Ова филмско остварување веќе имаше успешни премиери во Венеција, Торонто и САД, а наскоро и во Британија. Филмот е откупен од National Geographic Documentary Films, што му обезбедува глобална дистрибуција и силна поддршка во претстојната оскаровска трка.

Котевска победата ја посвети на независните автори и истакна дека овој успех претставува важен чекор кон потенцијална номинација за Оскар.

Филмот ја пренесува топлата приказна за земјоделецот Никола и повредениот бел штрк и го позиционира македонското документарно творештво како значаен дел од современата светска кинематографија.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img