2.5 C
Shtip
spot_img

Приведен е легендарниот Дејан Савичевиќ!

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, Дејан Савичевиќ, бил приведен од страна на полицијата.

Своевремено еден од најдобрите играчи на планетата и ѕвезда на Црвена ѕвезда и Милан, бил приведен поради повеќе сообраќајни прекршоци. Тој потоа бил предаден на судија за прекршоци. Осуден е на парична казна, потврдено е за Порталот РТЦГ.

Откако му била изречена казната, Савичевиќ бил пуштен на слобода. Тој не одговорил на прашањата на новинарите на Порталот РТЦГ во врска со овој настан. Тој бил изведен пред суд по прекршочна пријава од полицијата во Херцег Нови.

Пријавата била поради пребрзо возење и престигнување на полна линија. Како што дознаваат колегите од РТЦГ, Савиќевиќ одбил да направи и алко-тест. Медиумите во регионот потсетуваат дека тој и претходно бил осудуван за слични сообраќајни прекршоци. Да потсетиме, Дејан Савичевиќ неодамна доби нов четиригодишен мандат на чело на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора.

━ повеќе содржини

Во Штип се отвора првиот фитнес клуб специјализиран за жени

На 12.03.2026 во Штип се отвора првата теретана за жени. "Her Fit - Progress" ќе биде место каде девојките од Штип ќе можат да...

Трамп: Војната со Иран е „речиси завршена“, цените на нафтата паднаа објави Скопје1.мк

Цените на нафтата нагло паднаа синоќа откако американскиот претседател Доналд Трамп навести дека конфликтот со Иран би можел да се приближува кон крај. По...

Војната на Блискиот Исток го менува светскиот туризам, побарувачката за европските дестинации нагло ќе порасне

Војната на Блискиот Исток веќе почнува да влијае на меѓународните патувања, а падот на перцепцијата за безбедноста во неколку земји од Заливот, заедно со...

Колку добива државата од литар продаден бензин и дизел?

Од еден литар продаден еуродизел, државата од утре ќе инкасира 13 денари од данок на додадена вредност и 15,5 денари акциза. Или, од малопродажната...

Корисници го напуштаат ChatGPT и преминуваат на Claude

Многу корисници преминуваат од ChatGPT на Claude, но ги изненадуваат строгите ограничувања и дневните квоти. Ограничувањата на моделите Opus и Sonnet се дел од...
spot_img